Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Германија може да ја блокира помошта за Грција

Од Грците се бара да се откажат од 13. и од 14. плата што се делеле во приватните фирми

Додека Грците ги очекуваат милијардите за спас, од Германија пристигнуваат најави дека таа држава би можела да ја блокира помошта, доколку Грците претходно цврсто не се обврзат на штедење. Германија добила право на вето при донесувањето конечна одлука за финансиската помош што треба да и' биде одобрена на Грција.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шубле соопшти дека неговата земја може да рече „не“ за кредитите за Грција, ако Атина не се обврзе дека во следните години ќе примени строга политика на штедење. Кусо време потоа и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја отфрли можноста за отпуштање финансиска помош за Грција, без претходно државата да понуди ефикасна програма за намалување на буџетскиот дефицит. „Прераното давање ветувања за конкретна помош нема да доведе до исчезнување на притисокот врз Грција“, нагласи Вестервеле. „Пред се', треба да се консолидира буџетот во Грција, во спротивно, задолжувањата на Грција нема да се реализираат со неопходната дисциплина“, додаде шефот на германската дипломатија.

Во меѓувреме, Европската комисија и ММФ се' уште го разгледуваат грчкото барање за помош од 45 милијарди евра. Во првата фаза Европската комисија мора да го изнесе својот став и да наведе свое мислење дали барањето на Грција е оправдано, односно да утврди дали земјата нема друг избор освен да бара поддршка од своите партнери и ММФ во добивање заем со разумни камати. При донесувањето конечна одлука за помош на Грција, Германија има право на вето и ако смета дека е потребно ќе може да го блокира активирањето на програмата за помош.

Инаку, Грците, кои, по се' изгледа, се' досега убаво живееле, ќе мора да останат без 13. и 14. плата, што досега се делеле и во приватните фирми. Поточно, претставници на ММФ, Европската комисија и Европската централна банка што преговараат во Атина за пакетот финансиска помош за Грција, побараа од Владата да ги укине 13. и 14. плата во приватниот сектор. Од Грција, како што изјави грчкиот министер за труд Андреас Ловердос, се бара и да ја намали минималната заработувачка што сега изнесува 780 евра.

Тој потврди дека за време на разговорите биле поставени услови од претставниците на ЕУ и на ММФ поради барањето помош од страна на Грција. Но, тој им дал до знаење дека неговото министерство е против укинувањето на двете плати, бидејќи тоа би можело да биде катастрофално за вработените, за пазарот и за осигурителните фондови.

Инаку, грчкиот весник „Вима“ пишува дека Грција е соочена со опасност од ликвидна криза, со оглед на тоа што не може да биде кредитирана од пазарите, а нејзините банки се зависни од Европската централна банка. Имено, грчките банки добиле од ЕЦБ капитал во вредност од 80 до 85 милијарди евра, а банкарите не ја исклучуваат можноста таа сума наскоро да достигне и до сто милијарди евра. Висок банкарски функционер изјавил дека пазарите сметале оти кредитите од 45 до 50 милијарди евра не се доволни за да се реши проблемот со рефинансирање на долгот во вредност од 300 милијарди евра. Весникот додава дека држава како Грција со долг од 115 проценти од БДП не може за три години да успее да го намали буџетскиот дефицит за десет проценти од БДП, како што предвидува стабилизацискиот план на владата. „Вима“ пишува дека на Грција и' се потребни двојно повеќе години, можеби од шест до седум и речиси тројно поголеми средства, од 100 до 120 милијарди евра од ЕУ и од ММФ за излез од кризата. Ова се случува во момент кога берзанските пазари се затворени за грчките банки. Претставници на банките стравуваат дека продолжувањето на таа несигурност може да предизвика бран од истекување на депозити од Грција и да ја доведе земјата до ликвидна криза. Весникот коментира дека проблемот на ликвидноста на банките се пренесува и кон претпријатијата и домаќинствата и доколку тој не биде решен ќе се затворат фирмите и ќе се зголеми невработеноста.

Во врска со тоа весникот прогнозира три сценарија за грчката економија - оптимистичко, лошо и страшно. Според оптимистичкото, помошниот механизам со учество на ЕУ и на ММФ ќе дејствува како штит за земјата и ќе и' овозможи на владата да продолжи со реформите и да ја преструктуира економијата. Во таа смисла се смета дека Грција веќе е под контрола на „Света Тројца“, како што во Атина се нарекуваат ЕК, ЕЦБ и ММФ. Лошото сценарио се сведува на тоа дека пазарите за Грција ќе останат затворени за реалната економија, бидејќи банките би функционирале со „ликвиден кислород“ од ЕЦБ, а големиот бизнис ќе нема пристап до меѓународното финансирање. Тоа би довело до уште подлабока рецесија и неуспех на владиниот стабилизациски план. Страшното сценарио предвидува дека и покрај активирањето на помошниот механизам може да дојде до излевање на кризата надвор од границите на Грција и да опфати други земји од европскиот југ. И државите од Г-20 почнаа консултации во врска со развојот и со можните последици од финансиската криза во Грција. Независни аналитичари говорат за износ од 90 милијарди евра, кој, според нив, е минимумот неопходен за среднорочно решавање на финансиските проблеми на земјата.

Инаку, „Фајненшел тајмс“ пишува дека оваа недела е клучна за расчистување на ситуацијата околу економскиот и финансискиот колапс на Грција и положбата во целата зона на заедничката европска валута еврото. Станува збор, како што забележува весникот, за најголемиот и најтешкиот предизвик со кој се соочува европската монетарна унија во својата 11-годишна историја и за тоа дали до петок ќе може да се стави под контрола грчката криза со огромните внатрешни долгови што не може земјата сама да ги покрива или таа ќе се рашири по целата еврозона, напаѓајќи ја прво Португалија. (Според агенциите)


#
Статијата е прочитана 862 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo SAD
Датум: 27.04.2010 00:58:26
G-dinot minister na Germanija ne razbira deka glavniot problem na Grcija denovive ne e kako da donese realen ekonomski plan za spas I kako da najde dogovor so svoite partneri vo EU. Vo momentov za Grcija najvazhnoto prashanje e kakvo ime kje uspee da I nametne na Makedonija. Gospdinot minister Schauble popusto si go gubi vremeto vo pregovori so Grcija. Toj ne razbira deka Grcija nema da prifati krediti shto ne se vo nejzin interes, bidejki na ovoj svet samo interesot na Grcija e vazhen I na nikogo drug!!!
Од: manta
Датум: 27.04.2010 08:25:54
Vreme bese grcija da vidi malku zort. 20 god Makedonskiot narod zivee vo kriza, vo golem del zasluga na gjupcite od atina...se se vraka, se se plaka... Golem e gospod, se gleda...
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 09:23:13
Da da, GRcija nema svoi problemi pa se zanimava so MAkedonija! Bog da cuva, makedonec vo SAD! Grcija e kriva, Germanija ne razbira, EU e fasisticka, svetot e vo zabluda, ama zatoa edna raka luge vo edna tocka os zemjinava topka (patem zaboravena) se vo pravo. Ne za drugo, tuku zatoa sto ne znaat koi se i sto se-zasto ne naucile po istorija koga trebalo da ucat tie ostanale nepismeni, pa sega baraat koi se i sto se. A moze i da se mnooogu golemi, po poteklo od anticki pleminja koi preferile homoseksulani vrski, a vo isto vreme pravoto na orientacija go zabranuvaat vo zakon, vo 21 vek. Sto da kazm, svetot e vo zabluda, ama makedoncinjata Mlatat vo Prazno!
Од: Makedonec
Датум: 27.04.2010 09:55:52
Makedonijo bidi srekna sto ne si vo EU i vo evrozonata, samite ke se unistat eden drug. Za nekoja godina istoto scenario i se sprema i na Bugarija. Site dusmani poleka eden po eden propagaat. 130 zemji na svetot ne se vo EU pa i tie postojat. Imeto nikogas da ne go menuvame.

Најди! во Утрински
Економија
Каматите уште ќе паѓаат
Банките не ги следат бизнисите на своите клиенти
Состојбата на фирмите понеповолна
Дизелот поскап за денар, бензините исти
За трговска марка од 300 до 400 евра