Дизелот поскап за денар, бензините исти
Евродизелот и лесното масло за домаќинство од денес се поскапи за еден денар, додека цените на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на евродизелот е 58,5, а на екстра лесното масло за домаќинство 47 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и натаму ќе се продаваат за 70,5 односно 72 денара за литар. Мазутот М-1 поскапува за 1,181 денари и ќе чини 33,674 денари за килограм. (Ек.Р.) |