Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Откорната плочата на бранителите кај Карпалак

По шести пат е осквернавено обележјето за бранителите во месноста Карпалак на автопатот Тетово - Скопје

ТЕТОВО - Обележјето за бранителите во месноста Карпалак на автопатот Тетово - Скопје е осквернавено по шести пат. Според општинскиот разгранок на „Достоинство“ - Тетово, плочата, поставена на бетонска подлога на банкината, била откорната од своето лежиште. На неа се наоѓаа испишани имињата на десеттемина бранители од Прилеп убиени на 8 август 2001 година од припадници на тогашната ОНА, кога се движеле кон Тетово.

Марин Најдов, претседател на разгранокот на „Достоинство“, вели дека вандализмот се случил ноќта меѓу петокот и саботата. „Министрите Гордана Јанкуловска и Зоран Коњановски уште по петтото сквернавење ветија дека нема повеќе да се случуваат вакви работи. Меѓутоа, вандалите повторно го направија своето. Сигурен сум дека министерствата за внатрешни работи и за одбрана имаат сознанија за сторителите. Овој пат ги повикувам во најкус рок да ги преземат сите мерки за пронаоѓање на сторителите. Тоа е нивна обврска од јавно искажаниот збор и даденото ветување пред македонската јавност“, рече Марин Најдов.

Сквернавењето на плочата на Карпалак не е единственото. Обележјето кај Вејце посветено на осумтемина загинати бранители набргу по поставувањето беше парчосано, а она кај Гајре сосема исчезна. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар

Од: Od Zapad
Датум: 20.12.2010 12:29:45
Dragi komentatori ostavete mesto za Teuta Arriffi i drugite ni sogragjani za nivnoto mislenje. Se nadevam deka i gosnot Fuere ke iznese svoe mislenje i sugestija za sozivotot vo MK.
Од: Иван
Датум: 20.12.2010 12:44:42
На силеџиството му нема крај. Само видете како на ул. Орце Николов кај Центарот за странски јазици како ВМРО-вски групации и нивниот коалиционен партнер узурпираат тротоар. Секаде се рушат огради, киосци, па дури и на Бит Пазар а овде се прави куќа на троарот. За страмота,а никој не реагира.
Од: ?!
Датум: 20.12.2010 16:58:57
Можеби ќе звучам несмасно.Со секаква почит кон загинатите.Но нели ваквото третирање не држи.Да признам овде веќе се нема верба во ништо.Во денешно време да се расправавме со вакви трагикомични ситуации,е крајно несериозно,одсем ако не е намерно.Па доволно е да се отстрани една скриена камера од каде нема потреба од неа и нека се стави,и готова работа.Ама не.Ајде лу]е.До тој степен го пониживте овој народ,да не само за во Европа,туку не сме ниту за во Тунгузија.Или заборавивте дека гладниот стомак подобро мисли.Доста со дететктирање на соживотот.Може да го најдете покрај контејнерите и во прифатилиштата.За аздисаните соживот нема ни во семејството.Затоа Господе,дај милост на овој напатен од умот народ.
Од: Toa e terorizam na domasnite Talibanci
Датум: 21.12.2010 03:59:49
Se dodeka gi narekuvate "vandali" ovoj terorizam ke prodolzi! Zloto mora da se narekuva so ime i prezime i primerno da se kaznuva, a od koalicionite partneri da se bara pocituvanje na drzavata i narodot ili pak da si odi sosema od Makedonija!

Најди! во Утрински
Политика
Ќе се откаже ли Вранишковски од државјанство?
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Клуч за забните ординации?
Намалување на невработеноста
Новинари да не се користат за пропаганда
Штипска сапуница со зградата на политичките организации
Пари од тужба во хуманитарни цели
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census