Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Штипска сапуница со зградата на политичките организации

Разгранокот на СДСМ и борците добија рок за селење, во спротивно случајот оди на суд

Иван Бојаџиски

ШТИП - Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, им даде 30 дена на Општинската организација на СДСМ и на Сојузот на борци да се иселат од зградата на политичките организации. Ако прозваните не го испочитуваат рокот, тогаш целиот случај ќе оди пред Општинскиот суд.

Алексов тврди дека СДСМ две децении бесправно држел цел кат од објектот сместен во центарот на Штип, а иста била состојбата и со боречката организација.

Според социјалдемократите, градоначалникот е некоректен, а барањето за иселување било поради потребата на Алексов да добие нов простор за вработување партиски луѓе во локалната самоуправа.

„Сопственик на оваа зграда се општината и Владата. Со одлуката, која веќе е објавена во ‘Службен весник‘, Владата и' го отстапува својот дел на користење на локалната самоуправа за време од 20 години. Општината има потреба од простор, бидејќи во зградата се вселија повеќе институции, меѓу кои Централниот регистер, Катастарот, а тука е и матичната евиденција со која раководи поранешниот градоначалник од СДСМ, Панде Сарев“, објасни првиот човек на Штип.

Алексов нагласува дека во изминатите дваесет години СДСМ не платила ниту еден денар кирија, а повеќе години не плаќала за струја и за вода. Овие сметки се покривале од локалната каса, бидејќи зградите на политичките организации и на општината се залепени една до друга.

Новит Здравев, претседател на Општинската организација на штипските социјалдемократи, вели дека немаат намера да ги напуштат просториите во кои работат од првиот ден на формирањето како партија.

„Градоначалникот Алексов претера со давањето изјави за медиумите во однос на ова крупно политичко и морално прашање. Тој пренесува одлуки на Владата, а не го зема како аргумент фактот за нашата сопственост врз овие простории. Откако ги реши сите проблеми на Штип, Алексов се сети дека единствено нерешено прашање му е зградата во која се сместени нашата партија и боречката организација. Со вакво темпо на вработување партиски кадри во локалната власт и оваа зграда наскоро нема да му биде доволна, па ќе мора да гради нова, уште поголема“, изјави Новит Здравев.

Спорната зграда околу која се води вистинска војна во однос на сопственоста е пуштена во употреба на 8 ноември 1976 година, по повод 32-годишнината од ослободувањето на Штип. Алексов тврди дека сите политички организации што имаат советници, согласно со нивниот број ќе добијат канцеларии на најгорниот кат од зградата. Во таа смисла и СДСМ ќе добиела две простории, наместо да држи цел кат. Како ќе заврши оваа новокомпонирана штипска сапуница, која трае подолго од осумнаесет месеци, останува да одлучи судот.


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ќе се откаже ли Вранишковски од државјанство?
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Клуч за забните ординации?
Откорната плочата на бранителите кај Карпалак
Намалување на невработеноста
Новинари да не се користат за пропаганда
Пари од тужба во хуманитарни цели
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run