Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Пари од тужба во хуманитарни цели

Три институции за згрижување деца ќе добијат по 10 илјади евра од премиерот Никола Груевски, кој одлучил да ја донира во хуманитарни цели отштетата што ја доби од судскиот спор против професорот Љубомир Фрчкоски.

Вкупната отштета од тужбата за клевета против Фрчкоски изнесува 30 илјади евра, кои ќе им биле поделени на Домот за деца без родители „11 Октомври“, Центарот за деца со церебрална парализа и Домот за доенчиња во Битола.

Груевски вчера го посети Домот „11 Октомври“, каде што донираше новогодишни пакетчиња и компјутери. „Парите што ни ги даде премиерот годинава ќе ги насочиме за реновирање девет кујни и за нов начин на организација на нашата работа, така што ќе имаме девет воспитни групи“, рече Оливера Јовиќевиќ, раководителка на служба во Домот.

Покрај премиерот Груевски, децата ги посетија и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкуловска и Џељаљ Бајрами, и заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 335 пати.

Испрати коментар

Од: acko
Датум: 20.12.2010 12:50:02
Нека ја донира пастиров и кравата од Душко ...........
Од: Biba
Датум: 20.12.2010 14:12:54
Bravo za Gruevski parite ke gi donira na vistinsko mesto i sto e najvazno za humanitarni celi.

Најди! во Утрински
Политика
Ќе се откаже ли Вранишковски од државјанство?
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Клуч за забните ординации?
Откорната плочата на бранителите кај Карпалак
Намалување на невработеноста
Новинари да не се користат за пропаганда
Штипска сапуница со зградата на политичките организации
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run