Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Слаб интерес на фирмите за европските пари

Македонските компании многу тешко се решаваат да побараат пари од европските фондови, кои се на располагање до 2013 година. Идеи имаат, но не и доволно знаење за успешно аплицирање со конкретни и издржани проекти, велат од Стопанска комора на Македонија. Од Групацијата за менаџмент консултантски и тренинг-организации, порачуваат дека повеќето фирми треба да ангажираат млади, стручни кадри, кои долгорочно ќе работат исклучиво на изготвување проекти.

„Нашите компании во трката за ЕУ- средствата учествуваат рамноправно со европските. За нив еднакво важат истите услови. Оттука е многу важно да бидат подготвени, што подразбира правилно информирани, со прецизно дефинирана цел, способни да изготват издржана апликација“, истакна вчера претседателот на Групацијата, Ристо Иванов.

Тој смета дека фирмите за да стекнат искуство треба да се почнат со помали проекти, бидејќи во зависност од капацитетот, компанијата може да аплицира три пати годишно и исто толку пати да добие.

Од Групацијата велат дека една од причините поради што домашните компании не се многу заинтересирани за европските пари се информациите што кружат за тоа дека целата постапка се одвива тешко и оти уште потешко се добиваат европските пари, па затоа бизнисмените не се ни обидуваат да аплицираат. (МИА)

 


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 14.07.2010 00:07:51
Eve vo utresniot broj ili nekoj nareden, objavete del od uslovite koj treba da se ispolnat za da se dobijat ovie pari, pa da se vidi sto e toa tolku komplicirano sto nasite biznismeni nemozat da go ispolnat. Ako e stvarno nesto komplicirano i nelogicno, togas nema sto da se zamarame so tie pari, ako ne e, eve pomognete na biznismenite, razjasnete im sto se treba da se napravi i sto se e potrebno.
Од: ne e bitno
Датум: 14.07.2010 11:48:19
Se soglasuvam so Jovan, no makedonecot nema iskustvo so vakvi rabota, zatoa e potrebna pomos. Kakov proekt treba da se izraboti, po koja metodologija, sto treba da vkluci itn. primeri na gotovi proekti od drugi zemji moze da pomognat. Uslovite za site zmeji od Evropa se isti :) "Teskoto" e vo toa da se sedne i sraboti :)
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.07.2010 13:43:30
Ne e do parite do sigurnosta e.A koj e siguren vo Makedonija za dolgorocno da investira.Ta neli nosat zakon so koj mozela drzavata da ne si gi izvrsuva obvrskite?A promena na zakonite nekolku pati godi[no...Red haoticni potezi koi go teraat biznisot nadvor od drzavata...Eve sega i vo Kosovo...
Од: Stavre
Датум: 14.07.2010 15:40:38
Lesno e da gledate od strana i da komentirate. Obratete se vo EU info centar i ke vi bide pojasno kako se podigaat pari od Evropski fondovi. Da bidam kratok, za celiot proekt koj go imate na hartija treba da imate i pari na masa, Vie sami da se finansirate, a potoa Evropa vi dava grant, nepovraten kredit od 50%,60% itn.

Најди! во Утрински
Економија
Европа со пофалби за грчкото штедење
Ребалансот во сенка на нетрпеливоста и навредите
Никој не се задолжува за одмор
Жетвата задоцни, сега оди без проблеми
Во Хрватска за еден квартал 434 млн. евра инвестиции
До влезот во ЕУ, во земјоделство и понатаму пет отсто ДДВ