Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Никој не се задолжува за одмор

Граѓаните не сакаат да заглавуваат со нови кредити, кои потоа треба да ги отплатуваат до следното лето

Соња Маџовска

Никој не се задолжува за да оди на одмор. Очигледно е дека граѓаните не сакаат да заглавуваат во нови долгови, кои ќе ги отплатуваат многу подолго отколку задоволството што ќе го имаат десетина дена поминати на море, езеро или на планина.

Одморот многу брзо минува, ама кредитот земен во некоја од нашите банки, независно дали е потрошувачки или туристички, кои, исто така, почнаа да ги нудат банките, потоа треба да се отплатува со висока камата се' до следното лето. Вака размислуваат поголем дел од македонските граѓани, кои, иако велат дека со душа ги чекаат тие десет дена цела година, сепак, намалениот животен стандард ги прави да бидат многу претпазливи.

„Навистина ми се потребни пари за одмор и сериозно размислував да побарам кредит во некоја наша банка. Но, кога добро размислив, сфатив дека е подобро во време на ваква немаштија да си поминам поскромно, отколку да заглавувам во нови долгови, бидејќи веќе доволно ги имам“, вели една скопјанка.

И банките потврдуваат дека е мал бројот на барањата за ваков тип заеми. НЛБ Тутунска банка ова лето даде многу привлечна понуда за туристички кредит, за кој каматата ја сведе од 16 на 10 отсто. Сепак, и покрај многу пониската камата, за овој заем нема голем интерес. „За разлика од останатите типови наменски кредити, за туристичките кредити интересот е значително помал. За туристички кредити поголем интерес постои кај лицата кои се во редовен работен однос, во споредба со пензионерите. Динамиката на барања за туристички кредити е слична, споредно со минатата година“, велат од НЛБ Тутунска банка.

А токму од почетокот на јули банките беа принудени да ги намалат значително каматите на потрошувачките кредити, односно да ги сведат до најмногу 13 отсто. На тоа ги обврзуваше Законот за облигациони односи, во сооднос со висината на референтната каматна стапка.

Од Стопанска банка велат дека кај нив во летниот период има голем интерес за ненаменскиот потрошувачки кредит до 5.000 евра, за кој каматата сега изнесува 13 отсто, бидејќи за овој заем клиентот не мора да прецизира за што ќе го користи. „Стопанска банка нема наменски туристички кредит, но имаме ненаменски кредит до 5.000 евра, кој може да се користи за различни намени. Тој е достапен и кај трговците и кај туристичките агенции, па заинтересираните клиенти можат и таму да аплицираат. Овој кредит особено е атрактивен од мај до септември, а оваа година до 20 јули е без административни трошоци и има голем интерес за него“, велат од Стопанска банка.

Инаку, според последните податоци од Народна банка на Македонија, во мај годинава немало многу нови кредити, но затоа заглавувањето на минусните салда на кредитните картички влијаело врз зголемувањето на вкупниот кредитен раст. „Кредитните производи на населението со повисок ризик, како што се негативните салда на тековните сметки и потрошувачките кредити, претставуваат главен двигател на кредитниот раст во секторот домаќинства, со придонес од околу 60 отсто. Кредитните текови кон корпоративниот сектор во мај беа умерени, при што вкупните корпоративни кредити пораснаа за 0,3 отсто. До крајот на вториот квартал се предвидува годишен кредитен раст од 5,3 отсто“, се наведува во последниот извештајот на НБМ.


#
Статијата е прочитана 3195 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Европа со пофалби за грчкото штедење
Ребалансот во сенка на нетрпеливоста и навредите
Слаб интерес на фирмите за европските пари
Жетвата задоцни, сега оди без проблеми
Во Хрватска за еден квартал 434 млн. евра инвестиции
До влезот во ЕУ, во земјоделство и понатаму пет отсто ДДВ