Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Жетвата задоцни, сега оди без проблеми

Жетвата е во полн ек и се одвива без проблеми. Иако почна со задоцнување, временските услови се поволни и овозможуваат комбајните непречено да ја вршат работата. Сепак, велат експертите, се' уште не може прецизно да се зборува за просечни приноси, зашто деновиве постојат услови за нестабилно време проследено со врнежи, ветер, а некаде и град.

„Високите дневни температури кон крајот на првата и почетокот на втората декада од месецов предизвикаа поинтензивно губење на вишокот влага во класот и губење на водата од почвата во површинскиот слој, што овозможи непречено влегување на земјоделската механизација“, објаснуваат агрометеоролозите.

Жетвата на јачменот и на есенската пченица годинава почна со многу големо задоцнување, за околу 20 дена, а во некои региони и повеќе. Ова се должи на исклучително влажната зима, големите количества врнежи во текот на пролетта и ниските температури на воздухот во еден подолг период, што го оневозможи нормалното зреење на зрното.

Јачменот интензивно се жнее речиси секаде, со исклучок на Малешевско-пијанечкиот регион и на одделни површини во прилепскиот дел на Пелагонија, каде што допрва почна.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, приносите се задоволителни на површините што не беа поплавени во текот на есента и зимата и не претрпеа поголеми оштетувања од временските непогоди. (МИА)


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Европа со пофалби за грчкото штедење
Ребалансот во сенка на нетрпеливоста и навредите
Слаб интерес на фирмите за европските пари
Никој не се задолжува за одмор
Во Хрватска за еден квартал 434 млн. евра инвестиции
До влезот во ЕУ, во земјоделство и понатаму пет отсто ДДВ