Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

До влезот во ЕУ, во земјоделство и понатаму пет отсто ДДВ

Продолжување на примената на повластена даночна стапка од 5 проценти за прометот и увозот на земјоделска механизација до пристапување на земјава во ЕУ, се измени на Законот за додадена вредност, кои треба да бидат донесени по скратена постапка, а вчера ги усвои собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Согласно со постојниот Закон повластената стапка, требаше да се применува до 30 јуни оваа година.

Како што се наведува во образложението на измените, ваквата мерка е во функција на потикнување на развојот на земјоделството, со цел да се стимулира набавката на земјоделска механизација, која ќе придонесе за поголема продуктивност во земјоделството. Ова особено е значајно за индивидуалните земјоделски производители кои не се регистрирани субјекти за целите на данокот на додадена вредност и кои немаат право на добивка на претходно платен ДДВ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Европа со пофалби за грчкото штедење
Ребалансот во сенка на нетрпеливоста и навредите
Слаб интерес на фирмите за европските пари
Никој не се задолжува за одмор
Жетвата задоцни, сега оди без проблеми
Во Хрватска за еден квартал 434 млн. евра инвестиции