Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Конференцијата за НАТО била успех, а не дебакл

Министерството за надворешни работи ги демантираше тврдењата на пратеникот на СДСМ, Горан Минчев, дека НАТО-конференцијата во Битола била „дебакл од протокаларен аспект“ на која „не се појавиле високи претставници од земјите во регионот“.

„Не полемизирајќи околу капацитетот на пратеникот Минчев во оценувањето на успешноста и дипломатскиот бенефит од организирањето на Конференцијата, МНР укажува дека таа беше исклучително успешно организиран настан, во однос на актуелноста на темата и од аспект на нивото на учеството, се наведува во реакцијата.

Притоа се укажува и дека наспроти тврдењата на Минчев, на Конференцијата во Битола присуствуваа министрите за одбрана на Албанија, Хрватска, Словенија, Љубица Јелушиќ и на Турција, замениците-министри за одбрана на Босна и Херцеговина и на Црна Гора, претставници од регионалниот Центар за безбедносна соработка РАКВИАК, претставници од Седиштето на НАТО во Брисел и Командата на Алијансата во Неапол, како и амбасадори на земјите-членки на НАТО во Македонија.

„Ваквите неиздржани, неосновани и паушални оцени ги разбираме како уште неуспешен обид да се девалвираат активностите на Македонија насочени кон зачленување во Алијансата, како и придонесот и посветеноста на земјата кон евроатлантската интеграција на регионот во целина“, стои во реакцијата од МНР.

Министерство за одбрана, исто така, ги отфрли како неосновани конструкции тврдењата на Минчев за непотребно расфрлање буџетски средства на конференцијата во Битола. Тоа, според Министерството, е ноторна лага и ги отфрла обвинувањата дека Бојан Ефтимов има земено пари за неговиот ангажман во организацијата на Регионалната конференција.

„Такви лица имаше од Скопје и од Битола, кои работеа без никаков надомест. Не треба да се кажува дека Бојан Ефтимов потрошил 28.000 евра во Битола, чиј целокупен ангажман бил во промоција на МО“, рече министерот за одбрана, Зоран Коњановски. (МИА)


#
Статијата е прочитана 979 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 05:59:45
Вистински дебакл е оваа конференција,само министри за одбрана.Ги немаше Обама, Меркел,Саркози,Берлускони,Путин и др.Плус големи хотелски сметки,место да се штеди да ги сместат гостите во три или четворокреветни соби,тие ги сместувале во еднокреветни соби.Плус страотните потрошени средства за цветни аранжмани од 1000 евра.Со нетрпение очекуваме уште вакви просветлени откритија.
Од: Митре од долнодупени
Датум: 22.06.2010 07:11:29
Немало кој па на волонтери од фамилијата им дале дозвола да се расфрлаат со пари?
Од: За СДСМ е успех да се прекрстиме???!!!
Датум: 22.06.2010 07:32:10
После овие силни притисоци од надвор, се додека се викаме Маедонци - тоа е успех. Кога ќе не прекрстат, макар и да сме влегле во НАТО и ЕУ - тоа ќе биде неуспех. Јас така го чувствувам тоа.

Најди! во Утрински
Втора страница
Велосипед на синџир
Вербатим
Преговарајте, не чекајте спас од горе
Милошоски прави приоритет од човековите права
Името главна тема на средбата Папандреу - Ки Мун