Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Милошоски прави приоритет од човековите права

Стразбур – Реформа на Европскиот суд за човекови права, мултикултурноста во Европа и учеството на помладите генерации во европските демократски процеси, особено во Југоисточна Европа, се трите приоритети што министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри, ги презентираше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој нагласи дека инспирацијата за поставување на приоритетите ја добиле преку совпаѓањето на македонското претседателство со шеесетгодишнината на Европската конвенција за човекови права.

„Овој уникатен и високо ценет правен инструмент на Советот на Европа беше почетна точка за нашето размислување и извор на инспирација за поставување на приоритетите. И покрај тешките економски околности во кои Европа се најде, од витално значење е да се обезбеди одржливоста на системот за заштита на човековите права воспоставен со Конвенцијата, како на национално ниво, така и на ниво на организацијата како целина“, рече Милошоски. (MИA)




#
Статијата е прочитана 611 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:21:15
Vlatko ja razbral rabotata pa zatoa vo ime na pravata na c ovekot zastana vo odbrana na instalacijata Golemoto Uvo a pod pokrovitelstvoto na Golemiot Brat.Sega si nemam gajle, znam deka sum pod zakrilie na Golemiot Brat Poraka- bate nemoj da me branis. Pojasnenie ne se raboti za Orvel 1984 se raboti za Makedonija 2010.
Од: roditel
Датум: 22.06.2010 09:31:54
bi go prasal milosevski kade se covekovite prava na hendikepirani lica vo makeoinija?imam dete 20g nema nikakov dom za smestuvanje dragi milosevski kade se pravata na hendikepirani voi makedonija???
Од: od mene
Датум: 22.06.2010 10:15:29
Do roditel. Za koi covekovi prava zboruvas coveku koga sakas sopstvenoto dete da go piknes vo dom. I toa ima pravo da zivee vo svoeto semejstvo, a drzavata da go pomaga toa semejstvo preku vrabotuvanje na negovite roditeli i zgolemuvanje na paricnata pomos koja ja dobiva, a ako moze uste podobro da bide vraboteno vo nekoe zastitno drustvo ili na nekoe drugo mesto

Најди! во Утрински
Втора страница
Велосипед на синџир
Вербатим
Преговарајте, не чекајте спас од горе
Конференцијата за НАТО била успех, а не дебакл
Името главна тема на средбата Папандреу - Ки Мун