Името главна тема на средбата Папандреу - Ки Мун
Њујорк - Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој п��исуствува на состанок на Социјалистичката интернационала во Њујорк, вчера требаше да се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и да разговара за спорот за името како главна тема.
Според весникот „Етнос“, Ки Мун ќе побара од Папандреу да го информира за активностите за решавање на прашањето за името надвор од рамките на ОН, како што се неговите директни билатерални средби со премиерот Никола Груевски.
На преговарачката маса во ОН, според „Етнос“, останува последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц „Република Северна Македонија“, но, наводно, не е исклучено да стане збор и за предлогот „Република Вардарска Македонија“.
„Етнос“ нагласува дека САД го засилуваат притисокот за затворање на проблемот, со цел Македонија да му се
приклучи на НАТО до крајот на годинава. (МИА)
|