Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Велосипед на синџир

Сања Наумовска

Пролетта одамна мина и летото полека ќе замине, а скопјани никако да се повозат на најмен велосипед. Најавениот проект на Град Скопје нема абер од реализација, иако измина еден месец откако е одредена и цената за најмување. По се' изгледа донираните сто велосипеди ќе останат врзани на синџир.

Градските власти неодамна распишаа тендер за набавка на натстрешници за паркиралиштата за велосипедите и тоа приближно е се' што е направено за јуни. Како да знаеја дека овие еколошки превозни средства ќе останат паркирани подолго време. Иако сезоната за возење велосипед во Скопје ќе трае уште најмалку пет месеци, сепак, ако реализацијата на проектот продолжи со ова темпо, на велосипед ќе седнеме најрано идната година.

А, остануваат уште многу работи да се осмислат. Се' уште не се знае ни како ќе се плаќа, ни каде ќе има паркинзи за најмување. Не е познато ниту како и колку податоци ќе треба да остават граѓаните при најмувањето и какви санкции ќе има за оние несовесни корисници што ќе ги оштетат велосипедите.

Засега, од Градот Скопје не соопштуваат никаква конкретна идеја како и кога проектот ќе се реализира пред граѓаните. Остануваат само на хартија заложбите за здрава животна средина, алтернативен јавен превоз, стимулирање на младите да користат велосипед место автомобил...

Но, затоа, пак, скопските власти пред медиумите соопштија дека ќе ги искористат искуствата од Брисел. Кои искуства не кажаа, но јасно е дека не само во Брисел, туку и во многу други европски градови што имаат долга традиција на употреба на велосипедите како јавен превоз има што да се научи. Значи, многу размислување не е потребно.


#
Статијата е прочитана 1320 пати.

Испрати коментар

Од: Кристина
Датум: 22.06.2010 02:59:43
Како да знаеја дека овие еколошки превозни средства ќе останат паркирани подолго време, но исто така како да знаеја и дека времево ќе биде лошо, па ајде да си почекаат уште малку. Не е убаво да се оштетат пред време :) нека си поседат како нови....
Од: mene
Датум: 22.06.2010 07:19:35
Koga ke ja vidam novinarkava na tocak kako odi na press,togas ke ima pravo da zbori,kako i za mnogu drugi temi !
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:24:06
Populizmot ne bara ostvaruvanje, tuku najavuvanje.Zatoa ovie na Pastirot, za se imaat odgovor KE.
Од: ema
Датум: 22.06.2010 09:39:28
Пред некое време сакавме да изнајмиме, ама велосипедите пред Телеком веднаш до некогашниот наш плоштад стојат врзани со 5 прсти прашина, некои турнати, некои со издишани гуми, видливо дека никој не се грижи за нив.Стојат без никакви информации кого и каде можеме да прашаме.Штета, велосипедите се со добар квалитет.
Од: Ali-Skopje
Датум: 22.06.2010 10:48:24
Gospodine Mene novinarstvoto ni e vo toj stadium koj sto ni e. No vie seuste go gledate popot sto pravi, toj treba da se slusa Mene.
Од: melita
Датум: 22.06.2010 13:04:07
Inaku vo Brisel ne se vozi tocak.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Преговарајте, не чекајте спас од горе
Конференцијата за НАТО била успех, а не дебакл
Милошоски прави приоритет од човековите права
Името главна тема на средбата Папандреу - Ки Мун