Црна Гора очекува 655 милиони евра од туризмот
Подгорица - Црногорскиот министер за туризам, Предраг Секулиќ, очекува годинашниот приход од туризмот да изнесува околу 655 милиони евра, односно пет отсто повеќе од минатата година. Секулиќ рече дека во Црна Гора се' уште има најмногу туристи од регионот, од кои околу 30 проценти се од Србија. Според него, Црна Гора од година в година бележи пораст на бројот на туристи од стратегиски важните пазари, а тоа се земјите од Европската унија, кои во минатогодишната структура учествувале со 25 отсто.
Оваа година се очекува зголемување на туристичкиот промет, односно пораст на бројот на ноќевања за околу три отсто и приходи од туризмот од околу 655 милиони евра, што е пет отсто повеќе од минатата година, наведе Секулиќ. (МИА) |