Издавањето соби да се пријави во УЈП
Приходите од издавање соби, викендички, станови или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, треба да се пријават во Управата за јавни приходи (УЈП). Пријавувањето се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде што се наоѓа имотот што се издава, со поднесување даночна пријава (образец ПДД-АДП/ПИ) во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите.
За неподнесување даночна пријава во пропишаниот рок, од УЈП посетуваат дека законот предвидува глоба за сторен прекршок од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.
При пресметување на персоналниот данок за овој вид приходи, од УЈП објаснуваат дека за граѓанинот се предвидени и даночни олеснувања. Висината на трошоците за кои може да се намали неговиот ��стварен приход изнесува 25 отсто од висината на приходот при издавање под закуп на неопремени станбени и деловни простории и 30 отсто при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории.
УЈП ги потсетуваат и граѓаните кои сезонски и повремено се занимаваат со продажба на ѓевреци, крофни, пуканки, пченка и друго на отворени простори или, пак, најмуваат детски реквизити од забавен карактер, педалинки, чамци, глисери, скутери, чадори, лежалки дека треба да ја пријават својата сезонска работа во Управата за јавни приходи. (Ек.Р.) |