Трошоците за живеење скокнале за 3,8 отсто
Трошоците за живеење мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во јули, во однос на јуни годинава, се помали за 0,8 отсто, но во споредба со јули лани, се повисоки за 3,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Анализирано по главни групи според намената на потрошувачката, во јули во однос на јуни годинава намалување на индексите е забележано кај храната и кај безалкохолните пијалаци за 2,2 отсто и кај облеката и обувките за 0,1 отсто. Пораст на индексите на трошоците за живеење е забележан во рекреацијата и културата за 2,8 проценти, во рестораните и во хотелите за 0, 5, а кај алкохолните пијалаци, тутунот, мебелот, покуќнината и одржувањето на покуќнина и здравјето за 0,1 отсто. (МИА) |