Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Русија бара дел од нуклеарката „Белане“

Москва - Наспроти заострувањето на спорот околу изградбата на бугарската нуклеарна центарала „Белене“, Бугарија и Русија решија да ги продолжат преговорите и да формираат работна група која ќе ги разгледа можностите за финансирање на проектот, објави московскиот весник „Комерсант“.

Весникот посочува дека преговорите продолжуваат, иако руската компанија „Атомстројекспорт“ одбива да го повлече барањето за исплата на 58 милиони евра, колку што и' должи бугарската Национална електроенергетска компанија (НЕК).

Спорот меѓу Русија и Бугарија настана околу финансиската поддршка на проектот за изградба на нуклеарката откако главниот инвеститор германската групација РВЕ се повлече од неговата реализација во 2008 година, по што НЕК не успеа да најде друг партнер што ќе ја инвестира изградбата.

Русија предложи Софија да подигне кредит за финансирање на проектот, но Бугарија не се согласи со ова и уште побара намалување на цената за изградба на нуклеарката. Рускиот гигант „Росатом“, во чиј состав е и компанијата „Атомстројекспорт“, официјално соопшти дека изградбата на „Белене“ не може да ја реализира за помалку од 6,3 милијарди евра.

„Комерсант“ наведува дека НЕК веќе склучи договор со британската банка ХСБЦ за изработка на финансиска студија на проектот, но засега нејзини претставници не се вклучени во преговорите меѓу бугарската и руската страна.

„Росатом“ му предложи на бугарското Министерство за економија изработка на целосен план за реализација на проектот во кој ќе бидат вклучени сите можни шеми за работа на нуклеарката, наведува весникот.

Извори од руската компанија за „Комерсант“ тврдат дека „Росатом“ е подготвен да започне со изградба на нуклеарката со кредит одобрен од Русија или, пак, со сопствени средства доколку руската држава добие дел од сопственоста над „Белене“.

Истиот извор тврди дека на Бугарија не и' е даден краен рок да се реши која од предложените варијатни ќе ја прифати, но дека, сепак, властите во Софија ќе мора да ја донесат конечната одлука најдоцна до 1 октомври, кога истекува важноста на последниот анекс на Договорот за изградба на „Белене“, склучен меѓу НЕК и „Атомстројекспорт“.

Руски енергетски експерт оценува дека преговорите за Белене продолжуваат, бидејќи никој се' уште не кажал конечно „не“.

„Постоеја објективни причини за застој во реализација на проектот. Прво беше економската криза, а потоа и хаваријата во јапонската нуклеарна централа ’Фукушима‘ што наметна потреба од дополнителни анализи. Сепак, за ’Росатом‘ нуклеарната централа Белене, меѓу другото, е и прашање на престиж“, вели рускиот експерт за „Комерсант“.

Според него, доколку биде откажана изградбата на нуклеарката, Русија ќе може да побара обесштетување од страна на Бугарија во висина од околу милијарда евра, но, сепак, за Москва останува многу поважно „Росатом“ да биде присутен на енергетскиот пазар во Балканскиот регион.

„Комерсант“ оценува дека ако Русија се повлече од проектот, тогаш Бугарија ќе треба да најде алтернативно решение за финансирање на проектот и како инвеститор би можела да избере некои од директните конкуренти на „Росатом“, како што е компанијата „Вестингхаус“. (Комерсант)


#
Статијата е прочитана 874 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 09.08.2011 06:30:21
Бугарска економиjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,3213.0.html

Најди! во Утрински
Економија
Интернет-компаниите се враќаат на берзите
Издавањето соби да се пријави во УЈП
Девизните резерви во злато исти како и лани
Трошоците за живеење скокнале за 3,8 отсто
Црна Гора очекува 655 милиони евра од туризмот

"""