Девизните резерви во злато исти како и лани
Вкупните златни резерви на Народната банка (НБРМ) изнесуваат 218.253,31 унца и се непроменети во однос на состојбата од крајот на минатата година. Од НБРМ појаснуваат дека во нивните биланси златните резерви се следат според пазарната вредност и се искажуваат во денари.
„Во текот на првото полугодие, вредноста на златото изразена во долари бележи зголемување, и тоа од 1.410,25 на 1.508 долари за унца. Во истиот период, вредноста на златото изразена во евра и денари бележи намалување како резултат на падот на вредноста на доларот во однос на еврото и денарот“, се вели во соопштението од НБРМ. На 30 јуни годинава вредноста на една унца злато изнесувала 64.418 денари, за разлика од крајот на минатата година кога била 65.314 денари.
„Оттаму, имајќи предвид де��а билансите на Народната банка се изразуваат во денари, евидентирано е вредносно намалување на златото, од 14.256.019 илјади денари на 31.12.2010 година на 14.060.426 илјади денари на 30.6.2011 година“, велат во централната банка. (МИА) |