Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Учениците во Долнени не сакаат веронаука

Моника Талеска



ПРИЛЕП - Муфтиството од Прилеп ја обвини локалната самоуправа дека во соработка со директорите на основните училишта во Општина Долнени тенденциозно го отстранува муфтиството од образовниот процес.

Според муфтиството, родителите на учениците од 5 одделение се изиграни. Поголем дел од нив не ги пополниле анкетните листови за избор на еден од трите предмети: Етика на религиите, Запознавање на религиите и Класична култура во европска цивилизација, а и тие што биле анкетирани немале сознанија која е разликата од еден од друг предмет.

„Општина Долнени врши дискриминација, значи не ни овозможува нам како муфтиство и верници да се вратиме во тој образовен систем. Бараме од Министерството за образование да ја преиспита Одлуката на директорите и повторно да се анкетираат родителите во сите училишта во Општина Долнени“, реагира мутфијата Мустафа Топалоски. Тој тврди дека овој проблем е присутен речиси во сите долненски села: Дебреште, Лажани, Црнилиште, Ропотово...

„И таму каде што се изучува предметот Етика на религиите наместо вероучители од ИВЗ, кои имаат сертификат од Министерството за образование, предаваат наставници по социологија. Како може да се случи во Општина Долнени да нема верници? Тоа значи дека тие се дискриминирани од локалната самоуправа и од директорите во основните училишта во Општина Долнени“, заклучува Топалоски.

Но, градоначалникот на Општина Долнени, Абдула Бајрамоски, категорично ги демантира овие наводи на муфтијата. Тој се оградува од проблемот и вели дека нема ингеренции да влијае врз родителите околу изборот на предмет.

„Ако муфтијата сметал дека во училиштата треба да се учи Етика на религиите требало малку порано да реагира, а не сега кога е завршена целата постапка“, вели Бајрамоски. Тој објаснува дека целата постапка е реализирана законски.


#
Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
За Полог ни заштита ни пари
Кој го мерка земјиштет�� на клинички
За Шангајската листа ни требаат нобеловци
Стабилизирано снабдувањето со струја
Почна обновата на Офицерски дом






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000