Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Заскитани куршуми гаѓаат во безбедноста на граѓаните

Надлежните органи остануваат слепи на оваа појава, укажува невладиниот сектор

Горан Адамовски

„Нема видлива реакција од надлежните органи и тоа не само од МВР туку и од Министерствата за образование и за труд, кои треба активно да се позанимаваат со овој феномен. Поради тоа, вестите за повредени или не дај боже, загинати луѓе од заскитани куршуми стануваат секојдневје. Вака од невладината „Цивил“ ги оценуваат зачестените случаи на заскитани куршуми, кои ги полнат болниците и страниците на црните хроники во весниците.

Единаесетгодишно момче било погодено во грбот додека се возело со велосипед во паркот во скопски Чаир, 59-годишен скопјанец бил застрелан додека работел во дворот, 77-годишна жена била погодена во нога додека се одморала во семејната куќа, две жени биле ранети при рафална стрелба во Злокуќани. Скопје, но и целата земја станаа заложници на „свадбари“, но и од други поводи се фаќаат за оружјето и пукаат каде ќе стигнат. Од заскитан куршум за време на прославата на Новогодишната ноќ пред три години беше погодена и 18-годишната Наташа Кметовска, која подоцна почина поради лекарска негрижа.

„Очигледно е дека министерствата се инертни. Тие не покажуваат интерес да се надмине проблемот, кој има врска со развојот на целото општество. Граѓаните се чувствуваат небезбедно. Полицијата како да кренала раце, бидејќи за преминување на црвено светло можеби и ќе заработиш казна, ама за пукање не“, велат од „Цивил“.

Ниту еден од инцидентите не доби полициска разрешница. Учесниците во пукањето останаа анонимни.

„МВР има големи проблеми со ваквите случаи бидејќи, најчесто, станува збор за истрелани куршуми од непознато место, растојание, оружје и лице. Сепак, и покрај тоа, полицијата презема опсежни мерки, анализа на зрната и другите придружни елементи околу случајот за да се дојде до разрешница“, вели Борче Пешевски, портпарол на МВР.

Програмата за развојот при ОН (УНДП) минатата година го затвори проектот со неупотреба на оружје, особено за време на Новогодишната ноќ и при прослави.

„Целта беше преку кампањи, обуки и тренинзи да се подигне свеста кај граѓаните“, велат од УНДП, информирајќи дека за скоро време не е најавен сличен проект, имајќи предвид дека Македонија веќе не се води како постконфликтна земја.

Според новиот закон за носење оружје, сите што добиваат дозволи за употреба на оружје, се регистрирани, како и видот на оружјето и муницијата што го користат. Подоцна, кога ќе се пронајде чаурата, би требало лесно да се види и пиштолот, односно сопственикот.

„Легалното регистрирано оружје е релативно лесно да се следи, но во Македонија има огромно количество на диво неконтролирано оружје, од каде и најчесто се пука“, укажуваат од „Цивил“.

Според оваа невладината организација, која најмногу го третира проблемот со оружјето, проблемот може да се реши со тоа што на децата уште од најмала возраст, но и во училиштата, факултетите, ќе им се укаже на штетностите од употребата на оружје.

„Надлежните нека побараат помош од независни експерти, кои немаат партиска книшка, но имаат големо знаење и енергија да се надмине овој проблем“, велат од „Цивил“.


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар

Од: orde
Датум: 26.09.2008 15:25:23
kaznuvate da se plukne na ulica a pukanje so oruzje legalno?da se m.... na ova drzava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Ќе се дополни вештачењето за тенковските делови
Професорот од Демир Хисар отстранет од настава
Две жртви во судир на камион и автомобил
Полицајци не ги регистрираат автомобилите, а ги возат
Прилепчанец тврди дека полицијата го тепала за ништо