Ќе се дополни вештачењето за тенковските делови
За случајот „Тенковски делови“, повторно ќе следува дополнение на вештиот наод. За одбраната на петтемина обвинети, ваквото барање е логично, бидејќи повеќето од нив не присуствувале на првото вештачење во август годинава. Главното барање ќе биде насочено кон обезбедување одлука на Владата од 2005 година, со која на Министерството за одбрана му се наложува да изврши отпис на пушкомитралезите и рачните фрлачи, тенковските делови и авионите „сухој“.
Интенција на одбраната е да докаже дека нивната продажба се одвивала со владина одлука.
Вештакот Никола Чивчиристов не можеше категорично да одговори по која основа биле заведувани средствата во МЗТ- ФОП во благајничките записи, ниту да даде одговор на прашањето што ексминистерот Владо Бучковски му го постави, аза договорите од 1999 и 2001 година кога МО авансно му плаќало на МЗТ-ФОП милионски суми за делови кои многу подоцна биле испорачувани. (Љ.С.) |