Пораз на Димовски во првото коло во Анкара
Примислав Димовски загуби во првото коло на европското првенство во бокс во Анкара.
Нашиот главен аут водеше во првата рунда со Французинот Тони Јока во категоријата над 91 килограми, но по повредата на окото (неспортски удар на противникот) падна во квалитетот. Јока ја доби првата рунда со 3:2, во втората доминираше со 5:1, а во третата славеше со 4.3, што значеше вкупни 12:6 за Французинот.
По овој пораз Димовски надежите за олимписка норма ќе се обиде да ги реализира на септемвриското светско првенство во Баку.
Во Анкара имаме уште двајца боксери. Фатлум Жута убедливо го совлада Изреалецот Артем Маслиу и денеска во рамките на второто коло во категорија до 75 килограми ќе се бори со Качатрајан од Ерменија.
Вчера Вели Мумин требаше во категоријата до 52 килограми да се бори со Италијанецот Виченцо Пикарди, бронзениот од Олимпијадата во Пекинг. |