Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Фудбалските шампиони од школата „Истатов“

Пионерската екипа од школата „Истатов-Партизан“ освои две титули, шампиони и победници на Купот на Македонија

Миодраг Мицковиќ

Меѓу љубителите на фудбалот во Македонија и меѓу играчите е многу популарна една поговорка: „Од кал да си, од струмичкиот крај да си“. И сигурно дека не случајно е популарна бидејќи голем број познати фудбалери од Македонија потекнуваат токму од јужниот дел на нашата Република, од струмичкиот крај каде фудбалски таленти никнуваат како печурки по дождот: Благој Истатов, Горан Пандев, Аце Стојков, Васил Рингов, Никола и Костадин Секулов, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов и да не набројуваме повеќе бидејќи ќе ни треба голем простор за да ги спомнеме сите.

Колку е богат овој крај со фудбалските таленти, покажува и последниот пример од првенството на Македонија и натпреварите во Купот во пионерска конкуренција. Пионерите на клубот ФК Истатов, кој потекнува од формираната школа „Истатов-Партизан“ станаа шампиони на Македонија победувајќи го во решавачкиот меч Работнички со 2:0, го освоија и Купот на Македонија, беа подобри со 1:0, исто така од прволигашот Ренова. Навистина, подвиг кој заслужува внимание бидејќи школата „Истатов-Партизан“ е формирана пред неполни 1,5 година и веќе почна да дава резултати.

На иницијатива на легендата на македонскиот фудбал, еден од нашите најдобри голмани на сите времиња Благој Истатов, заедно со раководството на белградски Партизан, беше формирана фудбалска школа „Истатов-Партизан“ во која членуваат 350 деца, млади фудбалери, со кои работат 20 лиценцирани тренери. Поделени се во три региони: Струмица, Дојран и Гевгелија. Со белградски Партизан е потпишан договор за користење на брендот на овој клуб, најталентирани фудбалери се под будното око на фудбалските стручњаци од Партизан, на двапати екипата ФК Истатов играше на турнири во Србија на кои учествуваа и пионерите на Партизан.

Двајцата најталентирани играчи од школата Тихомир Костадинов и Лазар Стојковски беа и на подготовки со младите фудбалери на Партизан, додека третиот Костадин Зајков летово треба да замине на проба во Холандија. Да не говориме за заинтересираноста на клубовите од Македонија кои веќе фрлија око на струмичките таленти со желба да ги видат во своите редови.

Од фудбалската школа на Истатов во репрезентацијата на Македонија до 15 години играат четворица фудбалери. Инаку, споменатиот Костадин Зајков е најдобар стрелец во Македонија во категорија на пионерски клубови со 42 гола реализирани во првенството и Купот. За него велат дека е вториот Горан Пандев.

Во решавачкиот меч за титулата пионерски првак на Македонија кога ФК Истатов го победи Работнички со 2:0, тимот играше во состав:

Димитар Илиев, Ѓорѓи Костадинов, Тодор Анчев, Лазар Стојковски, Јордан Јовановски, Живко Несторов, Александар Шопов, Костадин Зајков, Тихомир Костадинов, Лазар Митров, Даниел Лазаревски.

Во текот на мечот играа уште: Крсте Митров, Ристо Папучиев, Марјан Попов, Игор Зејнилов и Лазар Кочев.

Головите ги постигнаа Костадин Зајков и Тихомир Костадинов.

Речиси во истиот состав ФК Истатов во финалето на Купот за Македонија за пионери ја победи Ренова со 1:0 со голот на Даниел Лазаровски.

Директор на школата е Боро Истатов, а со пионерите на ФК Истатов, меѓу повеќето тренери работат Васе Бекаров, Раде Цицмиловиќ, Саше Ристовски, Миле Аџиевски и Никола Гелебешев, поделени во разни генерации од 1996 па се' до 2001 година, кои се задолжени за гевгелиската филијала која ги постигна и најголемите успеси.


#
Статијата е прочитана 1278 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 20.06.2011 09:43:37
Strumickata fudbalska skola e so visok rejting i von granicite na Makedonija.Nekogas,toa bea i bitolska ta,prilepskata,stipskata,a za skopskata(Vardar pred site) i ne treba da komentirame.Iskusniot komenta tor M.Mickovik napravil ubav napis za legendata na makedonskiot fudbal Istatov.No,ne treba da se za- boravi ekspanzijata na strumuckiot fudbal od 1999-2003g.koga se ,,rodija,,Pandev,brakata Po- povi,Stojkov,..i mnogu drugi,koga rabotese eden talentiran trener Matenicarov idr.i koga vo Strumi- ca se renovira stadionot,se postavija reflektori,se izgradija 5-6 odlicni tereni.E,seto toa bese pod palkata na eden,kontroverzen,cuden fanatik Van- co Takovski,koj gi iskoristi svoite pet minuti!.
Од: navivac
Датум: 20.06.2011 10:15:32
Za ovoj ogromen uspeh na ovie decinja ne e potreben komentar.Samo neka se zamislat tie vo FFM i vo "Makedonski" sport, velam Makedonski, a ne najdoa za shodno eden edinstven zbor da napisat za ovoj uspeh.Sramno i zalosno sto go nosat imeto makedonski,a pola vesnik im se prepisani i stari informacii prevzemeni od internet a za napredokot na mak fudbalot i nadezite koi doagjaat ni zbor.Vaka kako vaseto pisuvanje se pottiknuvaat mladite da odat napred a kako nivnoto nepisuvanje ne se odi nikade.Neka im sluzi na cest ! Samo vo sportot ima edno pravilo Rezultatite se merilo za se ! a tie i od avion se vidlivi.Bravo za Micko !
Од: vijali
Датум: 20.06.2011 15:09:31
NAPOMENA: ovie deca ne se od strumickiot region tuku se od GEVGELIJA da bideme potocni da ne ja falime samo strumica da se znae deka i gevgelija ima dobri deca, samo nema luge koj ke vlozuvaat vo niv.

Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз доби отказ во Дојран
Ѓоре Јовановски не се договори со Бангладеш
Пораз на Димовски во првото коло во Анкара
Федерер
Гранада се врати во Примера по 35 години

"""