Гранада се врати во Примера по 35 години
Гранада успеа во финалниот реванш за пласман во Првата шпанска лига да одигра 1:1 кај Елче и да се најде меѓу елитата по цели 35 години пауза. Сето тоа благодарејќи на првичните 0:0 на свој терен.
Гранада дојде во водство со голот на Игало, а домаќините успеаја да израмнат преку Хуметра на 10 минути пред крајот. Покрај Гранада прволигашки статус изборија и Бетис и Рајо Валјекано.
Мурињо ја менува тактиката, излегува Ди Марија влегува Сахин
Анхел ди Марија, пишува добро информираниот мадридски спортски весник „Марка“ би можел да испадне најголемата жртва во промената на тактиката на Реал. Наместо ланската формација 4-2-3-1, Жозе Мурињо, планира да игра со својата омилена 4-3-3, која му донесе победи на клупите на Интер и на Порто.
Ди Марија (23) кој лани стандардно играше на крило, би го загубил во тој случај местото од тактички позрелиот Турчин Нури Сахин (23), кој ова лето стигна од Борусија Дортмунд.
Составот на Реал би изгледал вака: Касиљес, Рамос, Пепе, Карваљо, Марсело - Кедира, Алкосо, Сахин - Озил, Бенз��ма, Роналдо.
Ривер Плата игра квалификации за опстанок по 110 години!
Во богатата 110-годишна историја Ривер Плата 33 пати го освојуваше насловот првак на Аргентина, десет пати повеќе од Бока јуниорс.
Меѓутоа прв пат во историјата клубот од Буенос Аирес ќе се бори за гол прволигашки живот во двата меча од разигрувањето против второлигашот Белграно. Ако изгуби ќе испадне во Втората лига по прв пат во својата историја.
Тоа е исходот од последното коло во аргентинската лига, во кое Ривер загуби од вицешампионот Ланус на свој терен со 1:2. Инаку, Ривер заврши на деветтото место, но во доигрувањето го исфрли бодовниот просек од последните три години, кој се зема како параметар за испаѓање и промовирање, а воведен е баш поради некоја слаба сезона да се одбранат најголемите клубови. |