|
|
|
|
|
|
Јонуз доби отказ во Дојран
Членовите на УО на ФФМ го разрешија селекторот едногласно, откако констатираа дека се прекршени одредбите од договорот
Сашко Ѓ. Димовски
Мирсад Јонуз е разрешен од функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација. Кога веќе самиот не поднесе оставка под силниот притисок од јавноста, тоа го сторија членовите на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на седницата во хотел „Истатов“ во Дојран во саботата, и тоа едногласно, откако констатираа дека се прекршени одредбите од договорот кога ја презеде функцијата од Словенецот Среќко Катанец во мај во 2009 година.
Јонуз на почетокот најави нова физиономија на репрезентацијата, офанзивна игра, па дури и атак на првите две места во групата во квалификациите за ЕП 2012. Таквите оптимистички најави тој ги темелеше на одличното познанство на фудбалерите со кои работеше во младата селекција. И сето тоа убаво личеше меѓутоа само на хартија.
„Концепцијата за работа во А тимот и резултатите што ги најави Јонуз по поставувањето на функцијата не се совпаднаа во реалноста“, се едногласни во размислувањата членовите на УО на ФФМ.
Реалноста излезе сосема поинаква. Наместо конкурентни на патот кон Полска и Украина, ние сме претпоследни во групата Б во која по шест одиграни меча сме подобри само од Андора. Во опасност сме да не го оправдаме рангирањето пред ждрепката за ЕП 2012 во која противниците ги дознавме од четвртиот шешир што, како што стојат работите, многу веројатно е нема да биде случај за наредната, онаа за СП 2014 во Бразил. За мундијалот во Јужна Америка можно е да имаме дури четири селекции подобар рејтинг од нашиот, да не го заборавиме и константниот пад на ранг листата на ФИФА.
Јонуз замина, но останува прашањето дали сета одговорност е кај предводникот на националниот тим. За добар дел, ќе се сложиме, да, но што е со онаа на фудбалерите, зарем тие треба да бидат аминувани од се за оддолжување кон колективот што им даде многу во нивните играчки кариери, а на кој недоволно му возвраќаат засега.
Неофицијално кај членовите на УО на ФФМ е присутно разочарување од односот на Јонуз во Дојран во саботата. Гласиштата одат дотаму што сите до еден, без исклучок, се почувствувале уценети и навредени од, како што се говори, селекторските опции што им биле ставени на маса за што никој отворено не сакаше да зборува, ниту да ги потврди, ниту да ги демантира.
„Или дозволете ми да го одработам договорот до крај или ќе барам обесштетување за негово предвремено раскинување“.
Јонуз имаше договор со ФФМ до крајот на 2012 година. За репрезентативниот ангажман добиваше месечен надомест од 5.000 евра, средства кои до крајот на договорот, довчерашниот селектор, по извршените консултации со правници, најави дека ќе ги бара по судски пат. Од ФФМ, пак, возвраќаат дека ќе бараат начин, преку правните механизми што стојат на располагање, да се заштитат.
Интерес за пополнување на испразнетото селекторско место во македонската фудбалска репрезентација се јави веднаш, но од ФФМ порачуваат дека нема да брзаат со именување на нов кормилар. Причина е слободниот летен период на националниот тим. Првата наредна кампања е пријателскиот меч со Азербејџан во Баку на 10 август, дотогаш нема никакви активности, па оттука и доволно време за прецизирање на условите за избор на нов селектор ма А тимот. За тоа ќе се расправа на првата наредна седница на УО по што ќе следува распишување на нов селекторски конкурс. |
#
|
Статијата е прочитана 1176 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: sportist |
Датум: 20.06.2011 04:20:21 |
|
"ili dozvolete mi da go odrabotam dogovorot do kraj ili ke baram obestetuvanje za negovo predvremeno raskinuvanje",bile zborovite na najnesposobniot takanarecen fudbalski trener i selektor na Makedonskata reprezentacija. Na najlosiot selektor vo istorijata na Makedonskiot fudbal treba da mu se sudi a ne nekoj toj da tuzi.Naniza rekordni porazi koga bese selektor na mladata reprezentacija i istoto prodolzi da go pravi i so seniorskata selekcija.Ako toj covek ima obraz ,treba da se zablagodari na doverbata sto FFM mu ja dade i da go snema od fudbalot. |
|
|
|
|
|
|
Од: euro |
Датум: 20.06.2011 07:43:41 |
|
Korupka od trener,megjutoa si go otkri i vistinskiot lik.Covekot ova i edinstveno ova rabotno mesto mu bese sigurno, mislite deka nekade ke go viknat,angaziraat?Zatoa se borese tolku za da ostane.Za sreka na rezultatite, go smenija.Porazite sega ne bolat tolku mnogu. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nerealiziran fudbaler |
Датум: 20.06.2011 07:53:32 |
|
A koj definitivno da mu dade otkaz na Hadziristeski, koj e grobarot na makedonskiot fudbal?! Nikogas makedonskiot fudbal ne bil na ponisko nivo, a negovata pozicija e stameno cvrsta i nikoj ne moze da go trgne od celnoto mesto vo MFF! Toj gi bira i gi kupuva za sitni pari i privilegii gavazite vo opstinskite fudbalski organizacii koi sepak glodaat koski i ne dozvoluvaat da padne nivniot finansier. Hadziristeski ocigledno dobro igra i so korumpiranite funkcioneri na FIFA i UEFA, taka sto i tie bezrezervno go podrzauvaat zaradi nivna licna korist! A, toa sto mak. fudbal tone li tone ne gi interesira ni Hadziristeski ni FIFA ni UEFA! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 20.06.2011 09:51:30 |
|
Ne treba samo Jonuz da ja ima ogovornosta.Treba da snosat odgovornos i členovite na UO na FFM na čelo so Haralampie.Pa tie ne se normali,mu dale mesečna plata od 5.000,00 Evra na nekoj amater što nema pojma kako izgleda i fudbalot,dali e kockasta ili okrugla.Se vide negoviot uspeh predhodno,pa go donesoa i za selektor na A timot.Tuku fala mu na boga što dobi otkaz,a ostatok pari od dogovor neka bara na sud,što misleše Jonuz deka cela nacija e budala,će me plaćaat a rezultati-nikade-Bruka za FFM.Jonuz treba da gi vrati i platite od koga gi zemal,takvi dogovori treba da potpišuva FFM so selektorite,ima rezultat ima plata,nema rezultat-trener plaća na FFM.Pa togaš će mrdneme napred,no i igračite po đeb pa i oni da snosat ogovornost. |
|
|
|
|
|
|
Од: propast |
Датум: 20.06.2011 12:21:01 |
|
Andora, San marino. Luksemburg , Malta .Island - Makedonija-Trenerot Jonuz ja donese Makedonija na najniskite granki na fudbalot vo Evropa -Poglednete kade e Crna Gora -Sramota za site vo fsm na celo so Hadziristevski sto fo vodat Makedonskiot fudbal vo propast.. |
|
|
|
|
|
|
|
|