Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Ѓоре Јовановски не се договори со Бангладеш

Еден од нашите најуспешни фудбалски тренери, поранешниот селектор на македонската репрезентација Ѓоре Јовановски, кој требаше да потпише двегодишен договор со Фудбалската федерација на Бангладеш, не ги прифати понудените финансиски услови на оваа азиска држава. Иако во дневниот печат беше објавено дека Ѓоре Јовановски потпишал двегодишен договор, тоа на крајот заврши само како желба на Бангладеш.

„Условите што ми ги понуди Фудбалската федерација на Бангладеш не ми одговараа. Во почетокот се договаравме едно, а на крај излезе друго. Затоа донесов одлука да не ја прифатам понудата“, ни рече вчера во телефонскиот разговор Ѓоре Јовановски.

Доколку заминеше за Бангладеш, Ѓоре Јовановски ќе беше четврти тренер од Македонија што ќе беше селектор на една странска држава. Пред него со голем успех Благоја Видиниќ ги водеше Мароко и Заир на светските првенства, едно време селектор на Азербејџан беше и Ѓоко Хаџиевски, како и Кирил Дојчиновски, кој го водеше Ел Салвадор. (М. М.)


#
Статијата е прочитана 603 пати.

Испрати коментар

Од: mile
Датум: 20.06.2011 14:25:13
mnogu interesno pisuvate za nekoj sto ne dobil angazman vo banglades a ni zbor za nasite aktivni deca sto napravija na atleskiot kup vo island pa kako ce ima sport vo mkd koga za babalni raboti pisuvate a za mladidite koi aktivno ja reprezentiraat mak ni zbor??????????+

Најди! во Утрински
Спорт
Фудбалските шампиони од школата „Истатов“
Јонуз доби отказ во Дојран
Пораз на Димовски во првото коло во Анкара
Федерер
Гранада се врати во Примера по 35 години

"""