Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Половина милион Британци ќе останат без работа

Од нашиот дописник Томислав Ивановски

ЛОНДОН- Британските синдикати соопштија дека ќе ги организираат „најголемите и најсмели“ демонстрации во својата историја за да протестираат против планираните владини скратувања. Околу половина милион луѓе во британскиот јавен сектор ќе останат без работа во следните четири години, а еден милион вработени ќе се соочат со намалување на платата и со скратено работно време, како последица на драконските мерки за кратење на буџетските трошоци и за намалување на јавниот долг на Велика Британија, што ги соопшти владата на премиерот Дејвид Камерон. Со мерките се предвидува намалување на издвојувањата за разни социјални бенефиции за седум милијарди фунти годишно, намалување на трошоците за владината администрација со скратувањето на буџетите, што значи и на плановите на владините министерства, од осум отсто за одбраната, па 24 отсто во Хоум офисот и во Министерството за надворешни работи, до 33 отсто во Министерството за финансии. Само Министерството за здравство и за меѓународна помош остануваат со фондовите што ги имаат и сега.

Острите скратувања на трошоците од буџетот ќе предизвикаат скратување на фондовите за општинските совети и за локалната самоуправа, како и намалувањет�� на парите што се издвојуваат за побрз развој на Шкотска, Велс и на Северна Ирска, како и зголемување на горната граница за одење во пензија од 66 години, еднакво за мажите и за жените. Ова зголемување, што во соседна Франција предизвика бран од улични протести, овде ќе се заокружи до 2020 година, која како нова мерка се применува шест години порано отколку што тоа претходно се најавуваше. Најавено е меѓутоа, дека примената на подоцнежното заминување во „државна“ пензија ќе почне од 2018 година. Пензионерите и сите други луѓе ќе бидат погодени со најавеното постојано зголемување на цените на железничкиот превоз од три отсто над годишната инфлација, почнувајќи од 2012 година.

Министерот за финансии, Џорџ Озборн, и новата британска коалициона влада настојуваат со вакви мерки, што во домашната јавност се опишуваат како најостри и најтешки мерки за кратење на буџетот во последните педесетина години, треба да овозможат намалување на буџетските трошоци за 81 милијарда фунти во идните четири години, а тоа да го намали, како што се опишува, рекордниот буџетски долг на земјата. Според премиерот Камерон и неговиот министер за финансии, долгот одзема дури 11 отсто од британскиот бруто национален производ (БНП), најголем меѓу седумте најразвиени земји во светот и тој, според нив, мора веднаш да се намали, за да не се случи, како што се вели, „уништување на Велика Британија“. Јавниот долг што изнесува над 110 милијарди фунти, е речиси дуплиран по 2008 година, па дека затоа тој процес на трошење без покритие мора итно да се прекине.

Британската јавност што со месеци, по изборите, беше речиси задушена со убедувањата од владините министри дека острите мерки се неопходност, бидејќи земјата не ќе може да оди напред и се соочува со финансиско-економски колапс, сепак, со стравот на обичните луѓе, ги дочека долго најавуваните мерки. Анкетите што беа правени пред соопштувањето на мерките за штедење покажуваа дека мнозинството гласачи се согласуваат со стегнувањето на ременот кога станува збор за буџетското трошење. Посебно кога станува збор за намалување на големата јавна администрација во која сега има шест милиони вработени, или 10 отсто од населението на земјата, како и околу состојбите во секторот на социјална помош и примањето разни бенефиции од луѓе и од семејства што ги измамуваат службите и неоправдано примаат државни пари или седат дома како социјални случаи, а не сакаат да работат.

Опозициските лабуристи што владата ги обвинува дека трошеле безобѕирно и без да се води сметка дека државата нема пари сето тоа да го издржи, во принцип, се согласуваат дека буџетските скратувања се потребни, но инсистираат дека тие се непотребно остри, длабоки, прерано почнати и оти товарот на ваквата политика паѓа врз сиромашните слоеви, а не врз богатите и оние со најголеми годишни приходи. Но, лабуристите, кои во ваквата политичка клима се најдоа со штотуку избраниот нов лидер Ед Милибанд, кој победата ја обезбеди само благодарение на синдикалните гласови сметаат дека вака како што се направени, владините мерки се обично коцкање со државната економија и луѓето.


#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар

Од: Реган
Датум: 25.10.2010 13:14:36
Не е можно толкав број на луѓе да остане без работа ако и таму не е замешан Никола Груевски.
Од: pogled
Датум: 25.10.2010 15:46:18
Ovie samo Kastro ili Kina mozat da gi opraat. Vreme e da se transformiraat vo socijalizam..... i taka bastionot na kapitalizmot, puf.... A pocnaa veke oni od lani da se prestrojuvaat (ke bide Angliska perestrojka) pa gi nacionaliziraa 8 te najgolemi banki vo Anglija. Auuuu, kakov "satanisticki" poteg. Mora da go videle od Fidel, Hugo......

Најди! во Утрински
Свет
Идилата меѓу Владимир и Људмила Путин се' уште трае
Колера коси низ Хаити
Падна рејтингот на Никола Саркози
Скокнале од трети кат исплашени од ѓавол!
Тајната на ирачката војна






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker