Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Колера коси низ Хаити

Се стравува дека болеста веќе одзеде над 200 животи

ПОРТ-О-ПРЕНС - Пет случаи на колера се регистрирани во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија ОН, додека болеста однесе над 200 животи. Новите случаи биле заразени во главната зона каде што се појави болеста - регионот Артибонит, а потоа отпатувале во главниот град, каде што се разболеле. Тоа значи дека Порт-о-Пренс „не е нова локација на инфекција“, забележа претставничка на ОН. Претходно, претставничката на ОН изјави дека изгледите за колера во градот, каде што повеќе од еден милион преживеани во јануарскиот земјотрес живеат во шатори, се „застрашувачки“. Луѓето од камповите се многу чувствителни на цревна инфекција, предизвикана од бактерии што се пренесуваат преку заразена вода или храна.

Досега се пријавени 2.674 случаи на оваа болест, а здравствените претставници се обидуваат да го спречат ширењето на колера во Артибонит и во Сентрал Плато. Тие истакнаа дека ги зголемуваат мерките за спречување на болеста, како и надзорот во камповите од шатори, а испратиле и медицински екипи во северниот дел за да ги лекуваат заразените, со цел тие да не патуваат во главниот град по помош.

Официјалните претставници, исто така, ги идентификуваат местата во Порт-о-Пренс каде што ќе бидат полски болниците, а во кои пациентите би можеле да се лекуваат изолирани од другите луѓе. „Ако во Порт-о-Пренс има случаи на колера, единствен начин е тие да се изолираат. Очигледно, сега апсолутно најголема грижа е да се спречи ширењето на болеста во градот“, додаде таа.

Во саботата, претседателот на добротворната организација со седиште во САД, Управно собрание за храна за сиромашните, предупреди дека властите на Хаити и меѓународните организации не реагирале доволно брзо за да го спречат ширењето на болеста. „Веќе минаа над 72 часа. Нема безбедносен кордон“, рече Даниел Рузиер за Ројтерс. „Ако болните имаа соодветна здравствена заштита таму каде што се наоѓаа, не ќе требаше да доаѓаат во овој хаотичен град. Се' уште има време да се реагира. Доколку се преземат соодветни мерки, мислам дека ќе можеме да го ограничиме бројот на луѓето што умираат“, смета тој.

Во меѓувреме, официјални извори потврдија дека 194 лица починале од колера во Артибонит, а уште 14 во Сентрал Плато. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 249 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Идилата меѓу Владимир и Људмила Путин се' уште трае
Падна рејтингот на Никола Саркози
Скокнале од трети кат исплашени од ѓавол!
Тајната на ирачката војна
Половина милион Британци ќе останат без работа






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker