Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Идилата меѓу Владимир и Људмила Путин се' уште трае

Прв пат оваа година Путин се најде пред објективот со својата сопруга Људмила

Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Упорното ширење на гласиштата дека Владимир и Људмила Путин веќе не живеат заедно, информативната служба на руската влада деновиве го демантираше со фотографија. Во Русија во тек е попис на населението, па тоа беше можност да се покаже како премиерот и неговата сопруга и натаму живеат заедно во државната вила во Подмосковјето. Нивните насмевки како да беа порака до оние што ги озборуваат - нема да дочекате да престане нашата идила. Покрај брачната двојка, беше и верното куче на Путин, црниот лабрадор Кони. Фотографијата ја пренесоа сите агенции, бидејќи првпат оваа година Путин се најде пред објективот со својата сопруга Људмила. Минатата година фотографите ги снимија Људмила и Владимир на еден концерт.

Прес-секретарот на рускиот премиер Дмитриј Песков тврди дека Владимир и Људмила ретко се гледани во јавност, бидејќи Путин е многу зафатен и често патува во различни региони на Русија. Озборувачките весници во многу земји последниве години измислуваа различни приказни за распаѓањето на бракот на Путин, па некои дури напишаа дека Људмила заминала во православен манастир. Јасно е дека таа лага беше демантирана од московската патријаршија.

Владимир Владимирович Путин, кој на 7 октомври наполни 58 години, е во брак со Људмила Александровна од јули 1983 година. Тие имаат две деца. Постарата ќерка Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а помладата Катерина во Дрезден една година подоцна, каде што нејзиниот татко работеше како офицер на КГБ. Марија ќе биде биолог, а Катерина го изучува Истокот.

За неверноста на Путин кон сопругата прв почна да пишува малотиражниот весник „Московски кореспондент“, очигледно, сметајќи дека на тој начин ќе стане популарен. Текстот за љубовната врска меѓу Путин и познатата шампионка во уметничка гимнастика Алина Кабаева (26) „Московски кореспондент“ ја објави во последниот број пред затворањето, бидејќи сопственикот Александар Лебедев не сакаше и натаму да ги покрива неговите загуби. Банкарот Александар Лебедев поради тој скандалозен текст ја изгуби ветената фотелја на член на Советот на Федерацијата на Русија (Сенатот), иако се бранеше дека воопшто не го видел написот и дека сето тоа го организирале луѓе од тимот на Јуриј Лушков, тогашен градоначалник на Москва. Банкарот и поранешен агент на КГБ во Лондон, Александар Лебедев, беше еден од најжестоките критичари на Лушков и неговата сопруга. Тој се кандидираше на изборите за градоначалник на Москва, но убедливо изгуби. Подоцна Лебедев го купи лондонски „Ивнинг стандард“.

Минатата година повеќе западни таблоиди ја објавија веста дека познатата гимнастичарка родила син во странство, а таткото, наводно, е Владимир Путин. Неговите политички противници почнаа да ја шират приказната докажувајќи дека тој не е „идеален сопруг како што се претставува и дека семејството не му е пред се'“. Одреден број руски националисти истакнуваа дека Путин не добил син од „чистокрвна Русинка“, туку од Татарка, муслиманката Алина Кабаева. Мајката на Алина е Русинка, а таткото Татарец, кој живеел и работел како тренер во Узбекистан. Алина е родена во Ташкент каде што почнала да се занимава со уметничка гимнастика, а кога нејзините родители се разделиле, а таа имала 12 години, се преселила со мајката во Москва. Некои новинари тврдеа дека Алина го крстила својот син Дмитриј. Инаку, Алина не е само светска првенка и олимписка шампионка, туку е и член на руската Дума.

Интересно е дека ниту еден сериозен руски весник не забележа дека Кабаева била бремена. Единствено, московскиот неделник „Сабеседник“ во еден текст спомена дека таа се откажала да настапи на една шоу-програма „поради стомакот“. Подоцна таблоидите пишуваа дека е можно Алина Кабаева да се породила во странство. Пред неколку години преубавата Алина беше на страниците на московските весници од жолтиот печат кога момчето, кое по професија беше мајор во полиција, и' подари „мерцедес“. Таа излегуваше со привлечниот московски Грузиец, Давид Муселијани, на популарни места, па „папараците“ ја снимаа вљубената двојка и ја објавуваа во таблоидите. Меѓутоа, кога почнаа да ја напаѓаат поради таквиот подарок, очигледно, некој ја посоветува Алина, па таа го врати подарениот „мерцедес“. Споменатиот мајор Муселијани беше 13 години постар од Алина. Еден од најтиражните таблоиди во Русија, „Експрес газета“, објави напис под наслов „Од кого роди Кабаева“. Но, набрзо тој текст на сајтот беше затворен.

Разбирливо е тоа што никој од посериозните весници не сака да го коментира интимниот живот на Кабаева. Познатата Ирина Винер, некогашен тренер на Ирина Кабаева, изјави за жолтиот печат дека треба да се почитува дискрецијата на Алина и дека таа кога ќе смета дека е потребно, ќе каже кој е таткото на нејзиното дете. На тие стории не можеа да одолеат ниту сериозните весници, па минатата година на 15 април францускиот весник „Ла Република“ објави текст дека Путин добил син со Алина Кабаева, 30 години помлада од него, олимписка шампионка и двапати светски првак. Весникот пишуваше дека во февруари 2008 година Путин се развел од Људмила. Покрај тоа, тврдеа дека брачната двојка Путин се развела во Санкт Петерсбург и дека за неколку месеци ќе се венча со Кабаева.

Убавата спортистка и политичарка демантираше дека ќе се венча за Путин тврдејќи дека таквите текстови се глупост. Меѓутоа, таткото на Алина Кабаева изјави за новинарите дека би му било драго кога неговата ќерка од првиот брак навистина би се омажила за Путин. Рускиот премиер Путин, исто така, го демантираше текстот во „Република“ истакнувајќи дека во него ниту еден збор не е вистина.

Својот приватен живот Путин г�� затвори за јавноста и токму тоа беше причина што многумина беа љубопитни да погледнат низ клучалката што се случува во брачната соба на најпопуларниот руски политичар. Ќерките на Путин, Марија и Катерина, исто така, не се појавуваат во ноќни локали, па никој не можел ниту да ги сними или да објави нивни слики.

Сите написи за љубовната сторија на Путин со џебната Венера, Алина Кабаева, кај голем број Руси не можеше да го наштети имиџот на премиерот Путин. Тој и натаму е многу популарен и народот му верува. Покрај тоа, Русија, покрај Америка, е земја со најмногу разводи во светот, па кога тој навистина би се развел, тоа не би била шокантна вест. Во Русија не се ретки браковите на многу постари мажи со помлади жени, па поради тоа, мнозинството граѓани не се шокирани од пишувањата на таблоидите за врската меѓу Путин и Кабаева. Оние Руси што сакаат убави жени велат: „Зарем Путин би требало да има љубовница или да земе друга жена“ докажана во работата на партијата како што направи Владимир Ленин.


#
Статијата е прочитана 1113 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Колера коси низ Хаити
Падна рејтингот на Никола Саркози
Скокнале од трети кат исплашени од ѓавол!
Тајната на ирачката војна
Половина милион Британци ќе останат без работа






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker