Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Тајната на ирачката војна

По најновото објавување на тајните документи од ирачката војна на Интернет-порталот „Викиликс“, американската влада се најде под засилен притисок. Посебно е спорен ангажманот на приватните агенции за обезбедување.

Според весникот „Њујорк тајмс“, ангажманот на фирмите за обезбедување значително го заострил воениот хаос во Ирак, што произлегува од тајните акти на американската војска што се најдоа на Интернет. Припадниците на приватните агенции за обезбедување, без да прават разлика, често пукале во невооружени ирачки цивили, во американски војници и во луѓе од други агенции за обезбедување. Реакциите во САД поради објавувањето на речиси 400 илјади документи во врска со ирачката војна инаку се жестоки.

Најголемиот дел од американските медиуми ја делат оцената дека во најново објавените тајни документи нема бизарни новости, но истакнуваат дека тие фрлаат светлина на цела низа важни аспекти на ирачката војна. На пример, за бројот на жртвите во ирачката војна. Бројките што се наоѓаат во документите се многу повисоки отколку што досега кога било призна Пентагон во врска со цивилните жртви. Станува збор за 109 илјади убиени Ирачани во период од шест години, а речиси две третини од тоа се цивили.

Арапските медиуми, пак, ја преувеличуваат работата, ��аму често се спомнува бројката 285 илјади, што е збир на загинатите и на ранетите. Дали угледот на САД сериозно ќе настрада? Пред се', поради извештаите дека ирачките војници ги малтретирале затворениците со знаење на американската војска.

Значи, обвинувањата за мачења се чисто ирачка работа, прашува и истовремено одрекува „Њујорк тајмс“. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 925 пати.

Испрати коментар

Од: неписмен
Датум: 25.10.2010 17:30:02
"Дали угледот на САД сериозно ќе настрада?" Што подразбира под ова прашање,прашателот?!

Најди! во Утрински
Свет
Идилата меѓу Владимир и Људмила Путин се' уште трае
Колера коси низ Хаити
Падна рејтингот на Никола Саркози
Скокнале од трети кат исплашени од ѓавол!
Половина милион Британци ќе останат без работа






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker