Поддршка за Душко од Прилеп
ПРИЛЕП - По иницијатива на прилепските социјалдемократи вчера на два пункта во центарот на градот се собираа потписи за поддршка на млекарот Душко Илиевски, кого МВР го осомничува дека во својата нива одгледува канабис сатива.
За само три часа над 2.500 члена на СДСМ, но и многу граѓани што не се партиски определени го ставија својот потпис поддржувајќи ја иницијативата за ослободување на Илиески, кој се наоѓа во притвор во битолскиот затвор.
„Млекарот не е виновен, туку државата е виновна што му ги зела парите за млекото“, изјави Донка Ѓуровска од Прилеп. (М.Т)
|