Италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати вчера стигна до нова рекордна длабочина од 203 метри во десниот крак на подводната пештера Врело. Сепак, како што информираат од спелеонуркачкиот клуб „Врело“, тоа не е крајната длабочина на пештерата.
Европската спелеонуркачка експедиција и во наредниве денови ќе продолжи да ги испитува длабочините на пештерата.
Со вчерашниот рекорд Касати се вброи во списокот на нуркачи кои влегле подлабоко од 200 метри и е на четврто место во Европа, а на десетто во светот. Лани тој дојде до 190 метри длабочина во десниот крак на Врело. (С.Р.)