Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

„Злетовица“ не е цела оти и' фалат уште два дела

Aкумулацијата почна да се полни, но треба да се изградат и системи за наводнување и мали хидроцентрали

Иван Бојаџиски


Штип - Првата фаза од регионалниот хидросистем „Злетовица“ е завршена, иако некои помали, но не и помалку значајни работи ќе се работат во наредните три месеци. Контролираното полнење на браната „Кнежево“ завчера го означија Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство и Стојан Миланов, директор на „Злетовица“. Процесот со голема доза на љубопитност го следеа раководни луѓе на конзорциумот „Бетон-Гранит“, кој успешно го реализира проектот како целосен македонски производ, градоначалниците на општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, многу новинарски екипи и граѓани од блиските места, кои сметаат дека оваа голема инвестиција ќе влијае врз подобрувањето на социоекономските параметри на сиромашниот источен регион.

Првите води веќе се акумулирани во браната, која ќе може да прифати 23,5 милиони метри кубни вода по што ќе биде петта по капацитет меѓу осумте брани изградени во југоисточниот дел на Македонија. Веќе е создадено водно огледало долго стотина метри и широко околу триста метри со најголема длабочина од осум метри. Моментално во браната се влеваат 0,5 метри кубни вода во секунда, а максималниот дотек забележан на местото на кое е „Кнежево“ е седум метри кубни вода во секунда. Проценките се дека оваа акумулација во години со просечни врнежи, може да се наполни за една календарска година.

Министерот Димовски ја означи реализацијата на првата од трите фази на „Злетовица“ како голем успех на македонската градежна оператива и како предуслов за позабрзан развој на целиот регион. „Да се изгради асфалтен пат од 20 километри, брана со ваков голем капацитет долга близу 3,8 километри, цевковод до Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово во должина од 75 километри, конечно, да се обезбеди чиста планинска вода за 110.000 жители, не е мала работа. Во тоа име можам само да кажам дека ние мораме да бидеме горди на ова импозантно остварување“, рече министерот Димовски.

Фактот дека изградбата доцнеше само шест месеци оди на контото на успешноста на нашите градежни компании. А свој удел во добро завршената работа имаат конзорциумот „Бетон-Гранит“, ФАС „11 Октомври“ од Куманово, БИМ – Свети Николе…Јоиро Имазава, тим-лидер на консултантот ги пофали нашите градежни компании. „За голем успех се смета ако една олку сложена работа се заврши без жртви и повредени луѓе на работното место. Ние тука, во овој планински предел, тој успех го имаме покрај несомнениот успех во квалитетот на изведбата“, вели Имазава, кој како консултант на вакви објекти работел во 30 држави во светот.

Но, ако добрата вест е дека првата фаза од регионалниот хидросистем е успешно завршена, онаа која остава простор за загриженост лежи во фактот дека „Злетовица“ се' уште не е цела, бидејки и' недостасуваат уште два дела. Имено, хидросистемот ќе може да смета на самоисплатливот и профитабилност само ако бидат реализирани и двете други фази, едната за наводнување на 4.070 хектари во Пробиштипско и во Кратовско, а втората за изградба на неколку хидроцентрали. Втората фаза е наводнувањето на плодни ниви и за неа се потребни нови инвестиции од 36,5 милиони евра.

На оваа фаза и' се придава големо значење во реализација на интенцијата „Злетовица“ да влијае врз подобрувањето на социоекономските услови во регионот. Третата фаза е изградба на повеќе мали хидроцентрали, кои ќе произведуваат 50 гигават-часа електрична енергија и таа се означува како најпрофитабилна.

Моментен проблем, кој бара ургентно решавање е оној со филтер-станиците во сите шест места до кои ќе доаѓаат водите од хидросистемот. Само Свети Николе има филтерница што може да прифати површински води, Кратово, Пробиштип, Карбинци и Лозово немаат такви објекти додека штипската филтер-станица мора да претрпе коренита реконструкција. Градоначалниците се јасни дека пари за такви намени немаат, а потребни се пет милиони евра. Министерот Димовски и по ова прашања завчера ја успокојуваше јавноста со изјави дека за него знае Владата и која тоа ќе го реши, бидејќи општините немаат пари за такво нешто. Проблем е и тоа што ќе ја плати првата рата од кредитот која достасува кон крајот на годината и изнесува 4,5 милиони денари. И по ова прашање министерот вели дека ќе биде се' во ред, бидејки зад кредитот како гарант стои Владата на Македонија. Инаку, кредитот од 82,5 милиони долари е на 20 години со грејс-период од седум години, кој веќе измина.

Од „Злетовица“ кон шесте општински центри ќе потечат 900 литри вода во секунда, од кои половина ќе ги користи Штип како најголем град во регионот.


#
Статијата е прочитана 651 пати.

Испрати коментар

Од: Prof. Zarko od Zletovo
Датум: 21.07.2010 12:31:12
Nikako ne mi se dopadja naslovot i podnaslovot. ``ZLETOVICA`` od TRI DELA! Se se plasam deka ke zavrsi kako nasata MAEDONIJA od tri dela? I ovoj sto ni ostana okolu Vardarot, blagodarejki na DPMNE, e poveke od kolku za NIKADE!

Најди! во Утрински
Македонија
Расте поддршката на битолчани за млекарот Илиевски
Македонската дијаспора малку го учи мајчиниот јазик
Поддршка за Душко од Прилеп
Касати се нурна до 203 метри во Врело