Број 2998  сабота, 30 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Скарпони најбрз во 18. етапа на Џиро

Италијанскиот велосипедист, Микеле Скарпони, триумфира во 18 етапа на Џиро ди Италија што се возеше од Сулмоне до Беневенто во должина од 182 километри. За него ова е втора етапна победа на годинашното издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот. До неа стигна во завршниот спринт пред Колумбиецот Феликс Карденесе и Американецот Дени Пејт.

Русинот Денис Менчов во целта мина со четири минути задоцнување по победникот, но го задржа водството во генералниот пласман со 26 секунди пред Италијанецот Данило ди Лука и две минути подобро вкупно време од Франко Пелицоти.

Ленс Армстронг остана на 12 позиција.

Резултати од 18. етапа: Микеле Скарпони (Италија) 4:07,41 ч.; Феликс Кардењас (Колумбија); Дени Пејт (САД); Ларс Бак (Данска) - сите во времето на победникот итн.

Генерален пласман: Денис Менчов (Русија) 76:40,02 ч.; Данило ди Лука (Италија) +26 сек.; Франко Пелицоти (Италија) +2,00 мин. итн.


Статијата е прочитана 51 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Англиските навивачи го „прежалија“ Манчестер J.
Царевите од Рим - херои на Каталонија
Фудбалски вести
Премијата за ЕП најдоцна до среда
Металург најблиску до баражот за опстанок во Првата лига
Федерер го положи првиот сериозен испит на Ролан Гарос
Кливленд ја спаси првата меч-топка
Стојановски нов претседател на БФМ