Федерер го положи првиот сериозен испит на Ролан Гарос
Роже Федерер имаше среќа и избегна елиминација веќе во второто коло на Ролан Гарос. Барем така изгледаше дека Швајцарецот се движи кон најраниот пораз на еден Гренд слем турнир по 2003 година. Во првите три сета се бореше самиот со себе и со специјалистот за игра на земја, Аргентинецот Хозе Акасусо, но на крајот, сепак, успеа да слави со 7:6, 5:7, 7:6, 6:2. По лесната победа над Алберт Мартин на стартот, за Федерер ова беше првиот сериозен испит во Париз.
Акасусо имаше четири топки за освојување на првиот сет, но она што сигурно уште повеќе ќе го боли е прокоцканото водство од 5:1 во третиот сет, а не искористи и сет топка при 5:2. Се чини дека таквиот развој на настаните беше последица на повредата на зглобот во петтиот гем по што Федерер со серија од 5:0 се врати во игра и по 13 одиграни гема поведе со 2:1 во сетови. Четвртиот сет беше формалност.
Второ коло, мажи: Монфилс (11.,Франција) - Кривој (Романија) 6:4, 6:3, 6:3; Родик (6., САД) - Минар (Чешка) 6:2, 6:2, 7:6; Цонга (9., Франција) - Монако (Аргентина) 7:5, 2:6, 6:1, 7:6; Матје (32., Франција) - Андухар (Шпанија) 6:2, 6:3, 6:4; Мелцер (24., Австрија) - Рафин (Франција) 6:2, 7:5, 6:4; Хас (Германија) - Мајер (Аргентина) 6:3, 7:6, 3:6, 4:6, 6:3; К. Роши (Белгија) - Клемен (Франција) 6:1, 7:5, 4:6, 6:3; Андреев (25., Русија) - Аргело (Аргентина) 1:6, 7:5, 5:7, 6:3, 6:4.
Жени: Радванска (12. Полска) - Корицева (Украина) 6:1, 6:4; Дементиева (4., Русија) - Докиќ (Австралија) 2:6, 4:3 (Докиќ го предаде мечот) итн. |