Број 2998  сабота, 30 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Металург најблиску до баражот за опстанок во Првата лига

Миодраг Мицковиќ

Утре се игра последното прволигашко коло, кое не привлекува големо внимание бидејќи многу работи се јасни што се однесува за пласманот во лигата. Македонија ЃП пред две кола ја обезбеди титулата, веќе им даде одмор на повеќето фудбалери, си заминаа на одмор странците: Павловиќ, Амбурет, Попол, Брито и Оса така што на мечот со Ренова во Ѓорче Петров ќе настапи со играчи кои годинава немаа поголема минутажа на теренот. Откако Милано доби лиценца за настап во европските купови, познати се и нашите тројца претставници во Купот на УЕФА, од идната година Европскиот куп. Тоа се Ренова, Милано и победникот на Купот, Работнички.

Доста е разбистрено и на дното на табелата, особено по поразот на Металург од Вардар. Напредок е веќе второлигаш, Пелистер ќе игра во баражот, најверојатно ќе го придружува Металург, кој има два бода помалку од Победа што не е малку. Во утрешното, последно коло Металург игра во Автокоманда со Милано, Победа го пречекува Вардар и тешко е да се поверува дека прилепчаните ќе ја пропуштат големата шанса за опстанок, иако во фудбалот се' е можно. На прилепчаните им е доволен и бод за опстанок.

Другите два натпревари немаат никаков натпреварувачки интерес: Напредок - Работнички и Пелистер - Хоризонт Турново. Дури како што дознаваме овие четири екипи ќе играат со повеќе резервни играчи, особено Пелистер кој се чува за баражот. Почеток на средбите е во 17 часот.

Меѓутоа, прашањето за Пoбеда се' уште не е расчистиeно. По потврдувањето на казната на УЕФА, за доживотната суспензија на нејзиниот претседател и капитенот Александар Забрчанец и Николче Здравески, како и осумгодишна казна забрана играње во меѓународните купови поради основано сомневање дека мечот меѓу Победа и Пjуник од Ерменија е наместен, последен збор за целиот овој случај треба да го кажат дисциплинските органи на ФФМ. Дали Пoбеда поради овој скандал ќе биде казнета и во домашното првенство, префрлање во Втората лига, одземање на бодови за новото првенство, останува да видиме што ќе се случи. Скандалот со Победа е голем, на потег е Фудбалската федерација на Македонија бидејќи целата оваа афера не смее да се забошоти во интерес на иднината на македонскиот фудбал.

Инаку, како што сега стојат работите во баражот Пелистер ќе игра со Шкендија, Металург (Победа) против Брегалница од Штип, по еден меч на неутрален терен.


Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Англиските навивачи го „прежалија“ Манчестер J.
Царевите од Рим - херои на Каталонија
Фудбалски вести
Премијата за ЕП најдоцна до среда
Федерер го положи првиот сериозен испит на Ролан Гарос
Кливленд ја спаси првата меч-топка
Скарпони најбрз во 18. етапа на Џиро
Стојановски нов претседател на БФМ