Стојановски нов претседател на БФМ
Марјан Стојановски е новиот претседател на Бадминтон федерацијата на Македонија. Тоа е епилогот од вонредното собрание што се одржа на 26 овој месец, а на кое присуствуваа шест клуба, од вкупноте 11. регистрирани. Присутни беа клубовите Никола Карев, Марива, Оникс, Вип, Прилеп и Лисица, а отсуствуваа Инекс, Винчини, Универзал Промет, Пикок, Скопје.
Според клубовите кои беа присутни на Собранието исполнети биле сите законски услови одлуките што ќе бидат донесени да имаат правна сила. Според, нив уредно бил поканет и претседателот на БФМ Диме Стефановски, како и неговиот заменик Александар Пујовски, но тие не дошле.
Членовите на Собранието побараа од Стефановски во рок од три дена да ги предаде печатите со целокупната документација и сето тоа да го стави на записник во присуство на членовите на Собранието. Во спротивно печатите ќе бидат огласени за неважечки и ќе се издадат нови. |