Број 2998  сабота, 30 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Торес во Ливерпул до 2014 година

Шпанскиот напаѓач, Фернандо Торес, ќе остане во Ливерпул до 2014 година, откако во четвртокот го продолжи договорот со тимот од „Енфилд роуд“ за уште една сезона. Торес (25) му се придружи на Ливерпул во 2007 година кога потпиша договор до 2013 година.

„Фернандо е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Напредуваше во Ливерпул и тука може да биде само подобар. Сакаме да го задржиме колку што е можно повеќе. Ова е позитивна вест за сите наши фанови“, рече менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез.

Покрај него нови договори или продолжување на постоечките потпишаа и Стивен Жерар, Дирк Кајт и Даниел Агер.

Леонардо наследник на Анчелоти на клупата на Милан



Бразилецот Леонардо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Милан иако се сметаше за договорена работа дека кормилото на „росонерите“ ќе го преземе Марко ван Бастен. Асистент на екс-фудбалерот на Милан треба да биде Мауро Тасоти. Според пишувањето на Газета дело спорт, Леонардо ќе биде промовиран за нов тренер на Милан во понеделник.

Перез од први јуни претседател на Реал (М)



Фаворитот за претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе ја преземе функцијата прв човек на кралскиот клуб на први јуни, пренесуваат шпанските медиуми. Неговиот единствен ривал, Едуардо Гарсија, ја повлече кандидатурата бидејќи ги нема потребните финансиски гаранции за да се вклучи во претседателската трка.

Сите кандидати за претседател на Реал Мадрид треба да поднесат гаранција од 57.389.000 милиони евра, а изборот требаше да се спроведе на 14 јуни.

Трезеге во Рома?



Францускиот напаѓач, Давид Трезеге, може да ја продолжи кариерата во составот на Рома. Веста ја пренесе интернет порталот „Тутоспорт“, а дека Трезеге сака да си замине од Торино потврди и неговиот менаџер, Антонио Калиендо.

„Давид сака да го напушти Јувентус каде мина прекрасни години во кариерата. Во моментот му е потребен нов предизвик, а Рома е добра варијанта за него“, рече Калиендо.

Јури Жирков потпиша за Челзи



Рускиот репрезентативец, Јури Жирков, потпиша четиригодишен договор со Челзи, соопштува агенцијата Асошиејтед прес повикувајќи се на информации од рускиот таблоид, „Твој ден“. Досегашниот член на московска ЦСКА го сврте внимание на Роман Абрамович кој бил воодушевен од партиите на Жирков сезонава и реши да го ангажира на „Стемфорд бриџ“ за сума од 30 милиони долари.


Стат��јата е прочитана 531 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Англиските навивачи го „прежалија“ Манчестер J.
Царевите од Рим - херои на Каталонија
Премијата за ЕП најдоцна до среда
Металург најблиску до баражот за опстанок во Првата лига
Федерер го положи првиот сериозен испит на Ролан Гарос
Кливленд ја спаси првата меч-топка
Скарпони најбрз во 18. етапа на Џиро
Стојановски нов претседател на БФМ