Американците не сакаат руски одговор на европскиот штит
ХЕЛСИНКИ - Руските предлози за нов безбедносен пакт во Европа имаат цел да го ослабат НАТО, изјави вчера висок американски дипломат. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека воената северноатлантска алијанса е остаток од студената војна и неговиот министер за надворешни работи ќе го искористи состанокот на ОБСЕ што ќе се одржи неделава да истурка пообемна алтернатива. Но, состанокот во финскиот главен град на 56-члената организација за безбедност и човекови права најверојатно ќе ја нагласи длабоката разлика меѓу Москва и Вашингтон. Последиците од руската војна со Грузија во август, осудена од страна на многу западни земји како диспропорционална, додека пак Москва ги обвинуваше Грузија и нејзините сојузници на Запад, веројатно исто така ќе биде извор на несогласувања на дводневната конференција.
Американскиот заменик-помошник на државниот секретар Метју Брајз во интервјуто за Ројтерс изјави дека предлогот на Русија за нов колективен безбедносен пакт е насочен кон НАТО, за кој Русија вели дека ја повредува нејзината сфера на влијание. „Нема потреба од нов сојуз и тоа е многу видливо, мислам, зошто е сето тоа“, вели Брајз на маргините од самитот на ОБСЕ во Хелсинки. „Мислам дека станува збор за изнаоѓање алтернатива за НАТО кое работеше добро. НАТО ја прави Русија нервозна“. Тој додаде дека САД се заинтересирани да ја вклучат Русија во дискусиите за безбедноста во Европа, но тоа би можело да биде направено со употреба на структурите кои веќе постојат. „Ние во американската влада сметаме дека нема потреба од нова инфраструктура или конструкција. НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата... Секаде каде што се има ангажирано НАТО е стабилизирана ситуацијата, НАТО помогна да се рашири сферата на демократски развој, па затоа и ни се допаѓа“, вели Брајз.
Дипломатите наведуваат дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ги изнесе предлозите за новиот безбедносен пакт на средбата, најголемиот меѓународен форум досега на кој планот бил ставен на агендата. Франција, која го има ротирачкото претседателство со ЕУ, соопшти дека е подготвена да дискутира за предлогот, додека другите големи земји покажаа ограничен ентузијазам. Финскиот министер за надворешни работи Александер Стуб, чија земја го има ротирачкото претседателство со ОБСЕ, го окарактеризира предлогот како „прв план“. „Навистина искрено верувам дека предлогот на Медведев е конструктивен предлог за европската безбедност“, изјави тој на конференцијата за печат што се одржа во средата доцна попладнето. Кремљ ги обвинува САД за користење на експанзијата на НАТО, особено долгорочните планови за вклучување на поранешните советски републики Грузија и Украина во Алијансата, дека сака да ја опколи Русија со оружје. (Ројтерс)
glupost necuena-sekade kade dosol nato se stabilizirala sostojbata...hahahah budaletinki...kade? mozebi zbori za irak? avganistan? kosovo? nato e edna stara istrosena fukara koja edvaj se vlece zad svetskiot centar na mokj -rusija. jasni se celite na nato .no jasni se i moznostite na rusija.dodeka nato edvaj gradi stit dole -rusija ke gi kontrolira i zaebava od vselenata..zatoa natovci-ajde vekje ednas --prestanete samo da pravite nekakvi samiti na nekoi od doma izbrkani funkcioneri koi nemaat kade da odat pa ajde ke setame tamo vamo.se vide vasata mokj-gruzija =2 dena poraz na ,,jako obucenata armija po ,,nato,, standardi..heheheh
Од: petre
Датум: 05.12.2008 07:35:51
Glupost na vekov, citat:"Тој додаде дека САД се заинтересирани да ја вклучат Русија во дискусиите за безбедноста во Европа, но тоа би можело да биде направено со употреба на структурите кои веќе постојат." Ovie od SAD se smetaat sebesi kako da se naogjaat vo Evropa.Ispagja deka Rusija e na juzen pol, SAD deka se nekade pomegju Avstrija i Ceska, smesno, smesno.Glupaviove zapadnoevropejci i novokompponovanite marioneti treba da se osvestat, SAD i Kanada nema sto da baraat vo Evropa, tie se drug kontinent.Evropa e od Portugalija do Vladivostok, mu se dopagjalo toa nekomu ili ne.
Од: MKD
Датум: 05.12.2008 09:01:41
Ke ima, Anglo Sax amerika, Hyspao Amerika i Afro Amerika. namesto 52 ke bidat 3 drzzavi