Минимален пораз на АПОЕЛ на Тричковски во Краков
Кипарскиот првак АПОЕЛ на Иван Тричковски доживеа минимален пораз на гостувањето во Краков кај Висла со 1:0 во првиот плеј-оф меч за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Нашиот интернационалец и најдобар странски фудбалер во оваа медитеранска земја за 2010 година беше стартер и одигра 85 минути за гостите од Никозија.
Изненадување во вечерта приреди дански Одензе со триумфот над Вилјареал со 1:0, најубедлив беше Динамо Загреб кој на „Максимир“ беше убедлив против Малме со 4:1.
Лига на шампиони, плеј-оф, први мечеви
Резултати: Висла Краков (Полска) - АПОЕЛ (Кипар) 1:0, Макаби Хаифа (Израел) - Генк (Белгија) 2:1, Динамо Загреб (Хрватска) - Малме (Шведска) 4:1, Одензе (Данска) - Вилјареал (Шпанија) 1:0, Баерн Минхен (Германија) - Цирих (Швајцарија) 2:0. |