Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Реванш за Црногорците за поразот во Љубљана

Вечерва во 21 часот во „Борис Трајковски“ македонските кошаркари го играат првиот меч на „Трофеј Македонија“

Наум Котевски

Македонската кошаркарска репрезентација посакува салата „Борис Трајковски“ да биде полна и навивачите да и дадат голема поддршка во последните два меча пред заминувањето на евробаскетот во Литванија. Првиот натпревар е веќе вечерва против Црна Гора (21 часот), од која загубивме неодамна на екс-Ју турнирот во Љубљана, и против која ќе стартуваме на европското првенство (31 август).

Вториот меч од турнирот „Трофеј Македонија“ е в недела против Нов Зеланд во истиот термин.

Селекторот Марин Докузовски кажа дека ги цени Црногорците, дека тоа е тим со корпулентни кошаркари и дека многумина очекуваат да бидат хит на претстојното првенство. Докузовски е задоволен што конечно сме комплетни и очекува Мекејлеб и Гечевски токму на овој турнир да влезат во посакуваната форма.

Црногорците, пак, една недела се подготвуваа во Бари. „Секојдневно работевме на подобрување на сите сегменти во играта, особено на оние кои ги евидентиравме како послаби. Иако, не беше планирано да играме со Македонија, организаторот не извести дека Бугарија откажала, па мора да се судриме со домаќинот. Сигурно дека веста не беше примена со одушевување, но мора да ги искористиме двата дена во Скопје на вистински начин, а Македонија во однос на турнирот во Љубљана ќе биде посилна за Илиевски и Гечевски“, изјави селекторот Дејан Радоњиќ.

Како што вели бекот Горан Јеретин, Црна Гора е многу посилна под обрачите за разлика од надворешните линии, каде ние со Илиевски и Мекејлеб треба да ја имаме предноста.

„Имаме неколку квалитетни високи играчи кои се доминантни, како Пековиќ, Врањеш... За очекување е одбраната на противникот да се стеснува околу нив. Затоа ќе биде многу важно да се погодува од надворешните позиции, со цел да им помогнеме на центрите да одиграат и реализираат под кош. Работевме на тоа“, вели Јеретин.

Инаку, вчера од тимот на Црна Гора по Бојан Бакиќ отпадна уште еден бек. Станува збор за Сеад Шеховиќ. Сега на списокот на Радоњиќ се наоѓаат 14 играчи (до почетокот на евробаскетот треба да отпаднат уште двајца): Горан Јеретин, Владимир Михаиловиќ, Борис Бакиќ, Владо Шќепановиќ, Владимир Дашиќ, Милош Борисов, Милко Бјелица, Владимир Драгичевиќ, Никола Вучевиќ, Никола Пековиќ, Славко Врањеш, Владимир Голубовиќ, Суад Шеховиќ и Омар Кук.


#
Статијата е прочитана 681 пати.

Испрати коментар

Од: jasna
Датум: 19.08.2011 11:33:37
Dokuzovski neka ne si go maci umot so analizi oti dosega niedna izjava ne mu drzi. Celo Skopje zboruva za naruseni odnosi medju nekoi klucni igraci, a toj raskazuva prikazni za mali deca. On e obicna gigura, samo ludacka sreca moze da ni pomogne.

Најди! во Утрински
Спорт
Фудбал на полноќ во Саудиска Арабија
Меси го потопи Реал, Мурињо го изгуби разумот
Минимален пораз на АПОЕЛ на Тричковски во Краков
Шкендија го декласира Охрид Лоте, Вардар убедлив во Лисиче
Провален станот на Ѓоковиќ во Монте Карло

"""