Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Меси го потопи Реал, Мурињо го изгуби разумот

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија, откако со голот на Меси во 87. минута во реваншот на „Ноу камп“ го совлада Реал со 3:2, или вкупни 5:4.

За жал, фудбалот што го одиграа двата гиганта падна во втор план поради инцидентите што за време на мечот, што по неговото завршување.

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, на свој начин го намали значењето на овој трофеј нарекувајќи го „ситно трофејче“.

Иако е голем тренер, Мурињо така не се однесува. Во еден момент, додека Меси се подготвуваше да изведе аут, а Дани Алвеш беше покрај него, Мурињо стоеше зад нив и со гест покажуваше дека нешто смрди. Во гужвата по натпреварот се судри и со помошникот на Гвардиола, Тито Виљанова, на кого му се прикраде одзади и му брцна прст во окото. Познавајќи го Мурињо, веројатно ќе каже дека бил нападнат од титовото око.

Дефанзивецот Пике остро го критикуваше Мурињо и неговите фудбалери обвинувајќи го дека го уништува фудбалот.

„Се надевам дека нема да се зборува многу за инцидентите кои ги предизвикуваат истите лица. Меѓутоа, некој нешто мора да преземе, бидејќи Мурињо го уништува шпанскиот фудбал. Сите зборуваат за Каталонците, а проблемот е во Мадрид. Мислам дека Мурињо со оваа постапка ги прејде сите дозволени граници и тоа мора да се сопре. Не може натпреварите да завршуваат на ваков начин“, потенцира Пике.

Чави, пак, го нападна Марсело, кој по жестокиот старт над Фабрегас заработи црвен картон.

„Камерите не лажат. Ова е сликата и приликата на Реал. Може да бидете агресивен, но Марсело отиде со намера да го повреди Цеск“.

Мурињо по мечот се правдаше дека не знаел на кого му брцнува прст во око. На тоа Гвардиола одговори: „Јас го занам Каранка, мора и тој да го знае Тито“.

Инаку, фудабалски гледано и реваншот беше одличен меч, како оној првиот во Мадрид. Шансите се редеа на двете страни, особено во првиот дел. Барса поведе со голот на Иниеста во 15 минута. Само пет минути подоцна Реал израмни преку Роналдо. Пред крајот на првиот дел по петицата на Пике, Меси и донесе водство на Барса. Вториот дел беше посиромашен. На израмнувачкиот гол на Реал се чекаше до 81. минута. Тој падна по голема гужва. Одбиената топка на крајот стигна до Бензема, кој ја прати топката зад Валдес.

Кога сите мислеа дека ќе гледаме продолженија повторно се појави Меси за 10. суперкуп титула за Каталонците.


#
Статијата е прочитана 1074 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Реванш за Црногорците за поразот во Љубљана
Фудбал на полноќ во Саудиска Арабија
Минимален пораз на АПОЕЛ на Тричковски во Краков
Шкендија го декласира Охрид Лоте, Вардар убедлив во Лисиче
Провален станот на Ѓоковиќ во Монте Карло

"""