Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
05.10.2011, 17:31

„Ноќта“ ги голтна макроата и клиентите кај МТВ

По неколкумесечно следење, полицијата презема акција за разбивање на проституцијата што цвета на Кејот на Вардар

Рација на улицата на „црвените фенери“ во Скопје. Макроа, нивни помагачи, сопственик на мотел, полицаец и клиенти се уапсени во последната акција на полицијата, наречена „Ноќ“. По неколкумесечна истрага, од МВР велат дека разбиле повеќечлена криминална група од земјава. Тие подведувале малолетни девојчиња и ги терале на проституција што се одвивала секоја вечер на Кејот на Вардар, во близина на МТВ и на МАНУ. Девојчињата, сексуалните услуги најчесто ги давале или во возила на паркинзите или, пак, во мотел во близина.

Криминалната група броела дваесетина лица, од кои четворица се организаторите - макроа од Скопје на возраст од 26 до 30 години. Нивни жртви биле пет девојки од Скопје, Битола и од Куманово. Три од девојките се малолетни на возраст од 16 и 17 години, додека двете други се на возраст од 21 и 22 години. „Тие, според документираните сознанија, биле принудувани да даваат сексуални услуги за пари на клиенти од Скопје и од други градови“, велат во МВР.

Полициската истрага покажала дека четворицата организатори на групата за девојките што давале сексуални услуги изнајмиле стан на улицата „Симеон Кавракиев“ во скопската населба Аеродром. Во вечерните часови, тие ги земале девојките и со возило ги префрлале до улицата „Кеј Димитар Влахов“ каде и се нуделе и давале сексуалните услуги. Според договорот „работното време“ на девојките започнувало во 20, а завршувало во два часот следниот ден. Услугите, за парична надомест од 1.500 до 3.000 денари, главно биле давани во возилата на корисниците, но се користел и мотел лоциран на улицата „164“ во Скопје. За цената на услугата и за местото каде таа ќе биде дадена девојките биле обврзани да ги информираат своите макроа, а тие освен што им ги земале парите им кажувале кој од групата е задолжен за нивната сигурност.

Покрај организаторите, полицијата примела и сопственик на мотел, кој се сомничи за посредување во проституција, односно дозволувал во неговото преноќиште „ноќните дами“, меѓу кои имало и малолетнички, да даваат сексуални услуги за што добивал и одреден надомест.

Меѓу приведените е и полицаец од Бит Пазар, кој според МВР бил клиент на девојките, а ќе одговара за непријавување на за непријавување на кривично дело или сторител. На долгата листа на осомничени се наоѓаат и оние кои користеле сексуални услуги од малолетно лице, односно клиентите кои биле чести посетители на ноќните дами.

Полицијата, по добиени наредби од истражен судија извршила претрес во четири станови и во еден мотел и освен што привела 14 лица, одзела и три патнички возила кои биле користени при извршувањето на кривичните дела, како и телефонски апарати и СИМ картички.

Апсењето на макроата и на корисниците на сексуалните услуги доаѓа по честите укажувања дека веќе подолго време „цвета“ проституцијата на потегот од МТВ, па до бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Подведувачите, клиентите, но и оние кои нуделе сексуални услуги на Кејот на Вардар, завчера вечер беа спроведени во скопскиот кривичен суд. Распитот кај истражниот судија кој траеше до доцните утрински часови заврши со притворање на шест лица, а за петмина кои се' уште се водат како недостапни притворот ќе се активира оној момент кога тие ќе бидат приведени. Во решението кое што го донел истражниот судија е предвидено десетмина од осомничените еднаш неделно и во строго определен термин да се јавуваат во судот. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 1567 пати.

Испрати коментар



Средношколецот бил убиен оти задоцнил на училиште



jas, 06.10.2011 03:07:15
Bravo MVR
Komunjar, 06.10.2011 08:58:32
A zosto si igrate so navodnicite? Interesni vi se? Ako mi objasnite zosto nokjta vi e vo navodnici, i ako dokazete deka stvarno treba da e, kje se vrlam vo Vardar. Malku popismeni tekstovi nema da vi se na odmet!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |