Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
05.10.2011, 17:31

Средношколецот бил убиен оти задоцнил на училиште

Банална расправија го предизвика последното крваво убиство во Тетово

Банална расправија, поради доцнење на училиште, заврши со кобно убиство на средношколец во Тетово. Еден ден по пукотницата среде бел ден, која ги престраши тетовци, пред чиишто очи, буквално, со два куршума беше застрелан смртоносно 17-годишниот Љеутрим Пајазити од село Слатина, случајот полека се расветлува. Според досегашните сознанија, дежурниот ученик во училиштето го застрелал Пајазити, затоа што задоцнил на час.

Очевидци на убиството изминативе два дена биле сослушувани во полиција. Тие детално раскажувале за расправијата на двете момчиња, на којашто биле сведоци, но и за самиот крвав чин. Полицијата распиша потерница и трага по 18-годишно момче од скопското село Радуша, кое извадило пиштол и пукало директно во срцето на една година помладиот соученик од средното земјоделско училиште во Тетово. Се претпоставува дека бегалецот е се' уште во земјава, но не се исклучува можноста тој да успеал да ја премине границата.

На крвавиот чин што се одиграл во близина на Домот на културата „Иљо Антевски-Смок“ му претходеле расправии и несогласувања меѓу двајцата ученици кои започнале уште од рано изутрината. Напаѓачот, кој тој ден бил дежурен во училиштето, најпрво одбил да го пушти Пајазити да влезе во училиштето. Причината била тоа што 17-годишникот доцнел на часовите. Тоа била доволна причина за да се појават искри на нетрпеливост меѓу двајцата средношколци. Следела бурна расправија, за што биле сведоци останатите соученици.

Но, тука не завршиле караниците. Нетрпеливоста продолжила и надвор од училишниот двор. Двајцата се упатиле кон строгиот центар на Тетово, каде што продолжиле вербално да се расправаат. Во најфреквентниот дел на градот, сред бел ден, 18-годишникот од Радуша одеднаш извадил пиштол и двапати стрелал кон Пајазити. Обдукцијата покажала дека уште првиот куршум бил кобен за животот на момчето. Убиецот го застрелал директно во срце.

Полицијата која веднаш била алармирана за настанот, околу 13 часот го пронашле телото на застреланото момче кое лежело на асфалтот на улицата „Маршал Тито“. Тој со амбулантно возило бил пренесен во болницата Тетово. Но, веќе било предоцна. Средношколецот им подлегнал на тешките повреди.

„На местото на убиството беа пронајдени две испукани чаури од пиштол и се предадени на вештачење“, информираат од полицијата.

Двајцата ученици се школувале во средното училиште „Моша Пијаде“. Напаѓачот е четврта година на угостителската насока, додека Пајазити бил трета година на ветеринарната насока. Полицијата се' уште нема сознанија дали напаѓачот го носел со себе пиштолот додека бил на училиште, дали го земал од дома во меѓувреме или, пак, го позајмил од некого.

Инцидентите меѓу ученичките клупи, кои често завршуваат со повреди или со жртви, е еден од најгорливите проблеми со кои надлежните се обидуваат да се справат веќе со години. За таа цел, изминативе три години полицијата, во соработка со училиштата, организира проекти од едукативно-превентивен карактер, со цел да се спречи насилството во училишните дворови.

„Во овие проекти најчесто се опфатени средношколци од првата година, кои се и најмногубројни меѓу прекршителите и учесниците во инцидентите“, велат во СВР Тетово. Но, и покрај едукацијата, тупаниците, железните боксирачи, металните пендреци на расклопување и ножевите, се' уште го имаат главниот збор во расчистувањето на расправиите меѓу учениците. За, жал, ваквите инциденти многу често завршуваат кобно за младите животи. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 3303 пати.

Испрати коментар



„Ноќта“ ги голтна макроата и клиентите кај МТВ



Tina, 06.10.2011 10:10:53
Toa e samo sugestija na ubistvo po drugi pricini. Za ubicata, 150 godini zatvor. I posle smrtta teloto ke bide nezakopano, do kraj na osudata. Vakvo nesto nema ni vo Holivudskite kriminalni filmovi, Ludilo, mentalni bolesnici kako uciteli? Toj mentalitet e za frlajne vo gubre. Ucitelite da se veselat sto decata sakat da dojdat vo skola. Mesto deka lesno ke se uspies. Toj dosol vo skola neli? pa zar toa ne e dosta. Vo vreme koga decata treba da se naj veseli, .... Taka nesto ne e za oprostaj. Nikogas.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 10°C

Облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Понеделник
Локални дождови
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |