Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Госпоѓа министерка“ како музичка вртелешка

„Госпоѓа министерка“ во полн сјај повторно е на сцената на МНТ, во една мјузикл- верзија

Јасминка Павловска

„Госпоѓа министерка“ ја немало на македонската сцена (или барем на онаа на МНТ) дваесетина години, а речиси и никој не го забележал нејзиното „отсуство“. Веројатно зашто духот, идејата и темата на оваа хероина од опусот на Бранислав Нушиќ зачестено, речиси постојано ја сретнуваме во секојдневјето. Но, од саботата, 28 март, „Госпоѓа министерка“ во полн сјај повторно е на сцената на МНТ, во една мјузикл- верзија, инкарнирана со актерската интерпретација на Весна Петрушевска, а во режија на Наташа Поплавска.

Новата тричасовна верзија на Нушиќевото веќе класично дело најмногу е забавна, шарена претстава, многу слично на ТВ - шоу, какво што впрочем и води Весна Петрушевска, носителката на главната улога. Текстот и ликовите на Нушиќ се „верно пренесени“, но бидејќи и самите „душа си даваат“ за современи адаптации, беше сосема очекувано нивното интерпретирање во контекст на актуелниот простор и време, како и кокетирањето со сексуалните ориентации и дезориентации на ликовите.

Министерката Живка на Петрушевска е сосема по теркот транзиционите снобови (со „Сваровски“ - кристал на забот, наместо „оригинал златниот“ од текстот), постојано во состојба на афект, но со оглед на должината на претставата, на моменти се развлекува хумористично - сатиричната поента. Успешноста на другите ликовите е варијабилна, особено на Сашко Коцев во улогата на зетот Чедо, кој како да не ја пронајде вистинската димензија за итрината и мангуплакот на ликот што ќе и' го „види крајот“ на занесената госпоѓа министерка. Но затоа, Александар Микиќ во улогата Риста Тодоровиќ, трговец со кожа и почесен конзул на Никарагва, изврши велемајсторско трансформирање на класичната слика за ликот и белскав миг во претставата. Ново динамично „читање“ на стрина Даца направи Драгана Миленковска, која се издвои сосема од хорот на фамилијата, а сосема ефектна за крај беше и Жаклина Стевковска како госпоѓа Ната.

Играјќи по жицата на бурлеска и мјузикл, со мултимедијална поддршка (видеобим, на кој ефектно беа илустрирани сонговите, а послужи и како добра сценографија), новата „Госпоѓа министерка“ е сосема забавна и привлечна претстава.

 


Статијата е прочитана 620 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 30.03.2009 13:02:07
bas i ne e najrealna kritikava.pretstavata nema nikakvi umetnicki vrednosti.likot na sasko e eden od podobrite ako ne i najdobar.likot na dragana milenkovska e krajno neopravdan.zosto zboruva srpski?samo ona od familijata e srbinka?!?!

Најди! во Утрински
Култура
Ја пуштив публиката да влезе во мојот двор
Иван Блажев отвори фотопрозорец кон „Стив“
Игра на звукот и тишината
Почина филмскиот критичар Ранко Мунитиќ