Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Роси ќе вози викендов во Германија

Светскиот шампион во Мото ГП, Валентино Роси, доби зелено светло за да вози на Големата награда на Германија викендов, шест недели откако ја скрши ногата, соопшти неговиот тим Јамаха. Италијанецот, кој на репортерите подоцна им изјави дека се надева оти своите планови за 2011 година ќе ги објави на Чешкото гран-при на 15 август, беше прегледан од шефот на медицинската служба на патеката во Заксенринг, Хубер Фишер, при што беше констатирано дека е доволно подготвен за да се натпреварува.

Роси ја доби повредата на тренингот пред Италијанското гран-при минатиот месец и од докторите прво му беше кажано дека ќе паузира најмалку три месеца. Тој пропушти четири трки и падна на седмото место во вкупниот поредок, во кој на чело е неговиот тимски колега Хорхе Лоренсо.

„Веднаш по падот докторите рекоа дека ќе ми требаат пет месеци за да бидам подготвен за враќање. Можеби требаат пет месеци за играње фудбал, но јас само треба да возам мотоцикл“, изјави Роси на прес-конференција. „Чувството во Мизано беше доста позитивно, а во Брно беше дури и подобро, па донесовме одлука да се вратам овој викенд во Заксенринг“, додаде тој, реферирајќи за двата последни теста со супербајкот на Јамаха. „Во доста добра форма сум, но мислам дека ќе биде тешко да се издржи цела трка“.

Јапонскиот тест-возач Ватару Јошикава го замени Роси во последната трка во Барселона, а ќе биде присутен и во Заксенринг ако повторно излезе некој проблем.

Роси, кој триумфира во воведната трка сезонава во Катар, првично целеше на Чешкото гран-при во Брно за своето враќање.

„Овие две трки во Заксенринг и во Лагуна Сека се многу важни ако сакам да се вратам во добра форма за последните пет-шест трки сезонава и ако сакам повторно да триумфирам на крајот“, изјави тој. „И моето рамо е многу подобро, но се' уште има мала болка. Повредата на ногата секако дека беше полоша, но мислам дека таа ќе претставува помал проблем додека сум на мотоциклот отколку рамото“.

Освојувачот на девет титули во сите категории, кој го повреди грбот при пад од мотоцикл за мотокрос во април, беше поврзуван со премин во Дукати за следната сезона. Поранешниот првак Кејси Стоунер од Австралија веќе објави дека преминува од Дукати во Хонда, но Роси не сака да зборува за своите планови.

„Прерано е да се каже сега, но се надевам дека ќе бидеме во можност да ги соопштиме нашите планови за 2011 во Брно“, изјави 31-годишниот Италијанец.


#
Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Работнички со играч помалку до гол повеќе
Ливерпул во Скопје на 5 август?
Меси во посета на Хаити
Анри се повлече од репрезентацијата
Бостон го продолжи договорот со Пирс
Трета победа за Кевендиш, Реншоу дисквалификуван
Тетекс ремизира во евродебито
Семенја победи во првата трка по принудната пауза