Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Флеш-Вести

Меси во посета на Хаити


Најдобриот светски фудбалер Леонел Меси вчера пристигна на Хаити, каде што во својство на амбасадор на УНИЦЕФ ги посети деловите на главниот град Порт-о-Пренс што се тешко погодени од катастрофалниот земјотрес

Кандидатура

Кина го посакува СП 2026


Кина размислува да се кандидира за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2026 година откако беше сведок на успешната организација на годинашниот Мундијал од Јужна Африка, пишуваат локалните медиуми. Кинеската фудбалска асоцијација (ЦФА) наскоро ќе достави барање до Генералната администрација за спорт (ГАС), еден вид министерство за спорт, за одобрување што би резултирало со формална кандидатура, вели претседателот на ЦФА, Веи Ди.

„Многу сме импресионирани од бенефитите што Светското првенство и' ги донесе на Јужна Африка“, изјави Ди. „Во ЈАР видов како СП може да ја обедини земјата и да го унапреди својот фудбал“.

Веи, кој претходно има кажано дека Кина нема да се кандидира во блиска иднина поради своето ниско ниво на игра (78. место на листата на ФИФА), забележува дека по сопственото искуство од завршницата на СП во Јужна Африка го сменил мислењето.

Невреме

МанЧестер Ј. во Чикаго место во Торонто


Првата северноамериканска турнеја на Манчестер јунајтед по шест години почна со проблеми со невремето, поради кое најбогатиот клуб во светот мораше да слета во Чикаго и да го одложи своето пристигнување во Торонто. Тие синоќа требаше да ја почнат турнејата со пријателски натпревар со шкотскиот вицешампион Глазгов Селтик.

Почнувајќи ја турнејата само четири дена по финалето на Светското првенство во Јужна Африка, „црвените ѓаволи“ на 21 јули ќе играат со Филаделфија Јунион, а четири дена подоцна со Канзас Сити Визардс. Потоа ќе заминат за Мексико на отворањето на новиот стадион на Гвадалахара на 30 јули, како дел од договорот со мексиканскиот напаѓач Хавиер Ернандез.

Буџет

Барселона со 50 млн. евра за нови играчи


Барселона има 50 милиони евра на располагање за засилување на екипата, соопшти шампионот на Шпанија. Клубот во средата беше принуден да обезбеди банкарски заем од 155 милиони евра со рок на враќање од пет години, за да го надмине проблемот со недостиг од пари што трае веќе подолго време и да ги задоволи итните потреби за исплаќање на Стручниот штаб и на играчите за јуни.

Новиот претседател Сандро Росел и неговиот одбор го презедоа раководењето на клубот на 1 јули и приоритет им е реорганизацијата на клупските финансии, но тврдат дека тренерот Пеп Гвардиола ќе има доволен буџет за нови играчи. Барса му понуди 35 милиони евра на Арсенал за Сеск Фабрегас, но беше одбиена. Во меѓувреме, го доведе шпанскиот напаѓач Давид Вилја, а ги ослободи напаѓачот Тиери Анри, играчот за врска Јаја Туре и дефанзивецот Чигрински, а неизвесна е и иднината во клубот на Златан Ибрахимовиќ и на Рафаел Маркез.


#
Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Работнички со играч помалку до гол повеќе
Ливерпул во Скопје на 5 август?
Анри се повлече од репрезентацијата
Бостон го продолжи договорот со Пирс
Трета победа за Кевендиш, Реншоу дисквалификуван
Тетекс ремизира во евродебито
Семенја победи во првата трка по принудната пауза
Роси ќе вози викендов во Германија