Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Ливерпул во Скопје на 5 август?

Ако Работнички ја елиминира ерменска Мика, ќе игра против славниот англиски клуб

Сашко Ѓ. Димовски

Стивен Жерар, Дирк Кајт, Хавиер Маскерано, Џејми Карагер, Рајан Бабел, Макси Родригез, Даниел Агер, Алберто Аквилани се само дел од ѕвездениот состав на Ливерпул, славниот англиски премиерлигаш, петкратен победник во најпрестижното европско клупско натпреварување. „Црвените“ од „Енфилд“ четири пати во историјата го подигнуваа пехарот во Купот на европските шампиони (1977, 1978, 1981 и 1984 година) и еднаш во Лигата на шампиони (2005 година), трипати триумфираа во Купот на УЕФА (1973, 1976, 2001 година) колку и во Суперкупот на стариот континент (1977, 2001 и 2005 година). Во богатата клупска историја Ливерпул има уште 18 титули во домашното првенство (рекорд што го дели со Манчестер Јунајтед), 7 во ФА купот и исто толку во Лига купот. Имиња, бројки и факти од кои боли глава. Вчерашната ждрепка во Нион за квалификациите за 3. коло во Лига Европа го подари токму Ливерпул за подобриот од двомечот меѓу нашиот најдобар и најорганизиран клуб во моментот, Работнички, и ерменска Мика. „Црвените“ ќе бидат домаќини во првиот меч на 29 јули, реваншот е закажан за 5 август.

Веста за можно гостување на европскиот гигант на „Филип Втори“ во Скопје одекна како бомба во овдешната јавност. Задоволството е огромно кај љубителите на фудбалот кои посакуваат, навиваат и, реално, очекуваат да ја добијат можноста во живо да ги видат ѕвездите со кои беа цел месец преку малите екрани за време на Светското првенство во Јужна Африка. Не смее да се заборави и фактот дека во Скопје и во Македонија, воопшто, има голем број фанови на „црвените“, а сето тоа е гаранција за вистинска приредба, фудбалски празник, спектакл. Да не говориме за финансискиот бенефит за клубот што ќе ја има честа да го нагости составот на Рој Хоџсон од продажбата на билети, маркетинг, промоција во Европа и, секако, ТВ права.

Надежите дека ќе се случи гостување на Луверпул во Скопје ги подгрева и резултатот од првиот меч меѓу Работнички и Мика во кој дебармаалци славеа со 1:0 пред реваншот во Ереван наредната недела. Меѓутоа кај претседателот на Работнички, Драган Поповски, чувствата се помешани по дознавањето на противникот за наредната рунда во квалификациите за Лига ��вропа. Од една страна постои задоволство за евентуалниот судир со еден од великаните на англискиот фудбал (по Рома е најзвучно европско клупско име што би дошло во Скопје) и најпознат производ од градот на Битлси, од друга страна, пак, постои стравување дали ќе се стигне до него.

„Задоволни сме. Како би можеле да не бидеме. Во третото коло не' очекува Ливерпул, клуб за кој не треба да се трошат премногу зборови, клуб со еден куп звучни фудбалски имиња, клуб со богато минато, клуб со трофејна традиција“, ни изјави првиот човек на Работнички, Драган Поповски и притоа призна дека чувствува мала доза на страв.

„Но, не треба да не понесе Ливерпул. Не треба да заборавиме пред нас се уште 90 минути против Мика. Ќе биде тешко. Ерменците нема да се однесуваат на домашен терен како што се однесуваа во тука, ќе биде многу поинаку. Дај боже да оствариме резултат со кој ќе продолжиме понатаму во Лига Европа. Ако го сториме тоа ќе биде фантастично. Потоа ќе може да се подготвуваме за дуелите со Ливерпул, посебно за оној во Скопје кој ќе треба да биде приредба“, заврши Поповски.

Подобриот од двомечот меѓу Тетекс и летонски Вентспилс во третото коло во Лига Европа ќе се сретне со подобриот од дуелите меѓу шведски Елфсборг и екипата на Искра Стали од Молдавија.


#
Статијата е прочитана 863 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 17.07.2010 09:43:49
Pa ova bi bilo kako poklon za Skopje da gi proba novite tribini i da se oseti fudbalskiot duh vo glavniot grad

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички со играч помалку до гол повеќе
Меси во посета на Хаити
Анри се повлече од репрезентацијата
Бостон го продолжи договорот со Пирс
Трета победа за Кевендиш, Реншоу дисквалификуван
Тетекс ремизира во евродебито
Семенја победи во првата трка по принудната пауза
Роси ќе вози викендов во Германија