Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Економија

Власта не признава дека доцни со ДДВ

Вината за доцнење од еден или два дена во повратот Ставрески и' ја префрла на УЈП

Исплаќањето на обврските на државата спрема приватниот сектор по основа на поврат на ДДВ се одвива во максимално кратки рокови, во согласност со законските обврски и со условите на македонската економија, изјави вчера министерот за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на пратеничко прашање. Според него, само за 30 дена се исполнуваат обврските кон фирмите што ги поднесуваат пријавите на 30 дена, а поради контролите на Управата за јавни приходи може да има само доцнење од еден или два дена, додека се утврди точниот износ на поврат на ДДВ.

„Не би било одговорно од опозицијата да ја злоупотребува сегашната криза и за ситуации во кои се доцни еден или два дена во исплатата да се прави бауч или состојбата да се поистоветува со други земји. Македонија се' уште во најкратки рокови, во споредба со други земји, го врши повратот на ДДВ и во тој дел на најдобар начин ја одржуваме ликвидноста на стопанството“, смета Ставрески.

Опозицијата праша колку Владата им должи на приватните фирми, изнесувајќи податок дека, според нивни сознанија, станува збор за износ од 50 до 70 милиони евра. „Тоа ги одвраќа македонските компании да учествуваат на тендерите на Владата“, обвини вчера Марјанчо Николов од СДСМ.

Ставрески ја соопшти оценката на релевантните финансиски институции, ММФ и Светска банка, дека Македонија во услови на криза поодговорно од другите земји во регионот и пошироко ги води буџетската и фискалната политика и оти оценката се темели на конкретни показатели.

„Во вакви околности ниту еден ден не задоцни исплатата на плати, пензии и на социјални надоместоци. Со минимални проблеми се справуваме со враќањето на обврските по сите основи и со долговите на државата. Прашањето за долговите на државните институции спрема приватниот сектор е тековно, бидејќи износот посто��ано се менува и зависи од доспеаноста на фактурите во секој момент, за што има законски предвиден рок. Ве уверуваме, сите министерства имаат доволно средства во буџетите да ги извршуваат законските обврски што ги презеле“, истакна министерот за финансии.

Опозицијата не беше задоволна од одговорите на Ставрески зашто се очекувале прецизни бројки. Ставрески реплицираше дека СДСМ во свое време, кога економијата цветала во светот, многу поненавремено ги исполнувала обврските кон приватниот сектор, а пензиите се исплатувале нередовно и со големо доцнење. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 809 пати.

Испрати коментар

Од: Blue fighter: Se mnozat Minhauzenite od vlasta
Датум: 30.04.2010 01:36:08
Bez sram i perde,sto bi rekle nasite stari, prodolzuvaat so praktikata ministrite i Premierot koga sekoe nezgodno prasanje go bajpasiraat so defokusiranje od problemot ,vrakjajki se nazad do pocetocite na Makedonskata drzava.Nema sansa da ne se spomene Branko Crvenkovski kako premier na SDSM vlada.Vadejkji gi od kontekst pogodnite zborovi pravat sporedbi so vreme i period vo koj tie so tolkav budzet i problemi na nadvoresen i vntaresen plan ne bi izdrzale ni 1 godina na vlast.Namerno ne gi spomenuvaat embargata od Grcija so koi bese kleknato na kolena krevkoto stopanstvo ,zasto ne se soocile so resavanje na egzistencijalni prasanja za drzavata,tuku sekogas ja nasleduvaat so spastren budzet i sredeni megjunacionalni odnosi.Kako eksperti za rasipnistvo i rusenje na mirot megju etnickite zaednici se unisuvaat za 1 mandat.Tie sozdavaat egzistencijalni problemi za gragjanite,no obvinuvaat drugi za toa.Nauceni se da lazat i da si teraat po svoe:red kradenje-red reklami-red populizam.Do koga?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 09:03:13
Владата ако сака да коминтентите си ја извршат својата обврска на плаќање ,даноци,придонеси и други давачки треба да си го исполни својот долг кон истите.Лицемерно е да се бара да тој што должи биде редовен додека државата тоа го избегнува.Со каснење на обврските фирмите се доведуваат во незавидна положба во врска со платите на вработените плус репро материјалите.Инаку на крај сите ја знаеме виножитната легенда за украдените 4 пензии кој друјг мораше да ги враќа.
Од: јас
Датум: 30.04.2010 10:24:19
„Исплаќањето на обврските на државата спрема приватниот сектор по основа на поврат на ДДВ се одвива во максимално кратки рокови “..Ако неколку месеци се „ кратки рокови “, се плашам да помислам колку се „долките рокови “ , години , можеби?!
Од: vaga957
Датум: 30.04.2010 12:41:33
Не само ДДВ-то не го враќаат навреме, ами не плаќаат навреме и за извршени услуги од градежни фирми кон министерствата, иако вчера на пратеничко прашење упатено до министерот Ставрески зошто државата не го враќа ддв-то одговорот беше дека треба прво да се изврши контрола во фирмите кои побаруваат ддв па од тие причини и се доцни но најмногу 30 дена, а за фирмите-сите министерства си имале буџет и исплатите не доцнеле.Како да не жими мајка трезорот им е празен нека си ја проверат состојбата дали се е исплатено кон фирмите, а од друга страна пак работниците не можат да земат плата а сето тоа по вина оваа БЛАДА.СРАМОТА И ГРЕОТА.......

Најди! во Утрински
Економија
Добра бизнис-соработка меѓу Македонија и Косово
Британските банки со загуби од 10 млрд. фунти
Еврото во грчка драма. Шпанија е следна?
Грчките влогови пораснале за шест милијарди евра
ССМ на Први мај нема да протестира
Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра
Банките со преполовени профити, но со добра солвентност
Стечајците повторно на протести