Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Економија

ССМ на Први мај нема да протестира

Сојузот на синдикати на Македонија утре ќе го одбележи 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, со спроведување кампања за мобилизирање ново членство. Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ каде што ќе бидат промовирани активностите и услугите на сите 17 гранкови синдикати.

„Празникот ќе го почнеме работно, со заедничка порака и повик до сите што не се зачленети во Синдикатот сега да го сторат тоа. Целта е заеднички, преку враќање на единството и довербата во Синдикатот, да постигнеме општ заеднички консензус во насока на зачувување на достоинството на трудот во Македонија“, изјави вчера в.д. претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Прв пат годинава на овој ден на трудот, што во изминатите дваесетина години се одбележуваше најчесто со мирни протести на улиците во Скопје и со пароли за поголеми работни права, Синдикатот овој пат донесе одлука за поинаков настап. Место протест или штрајк, како што му доликува на еден ваков ден, Синдикатот ќе се обиде празникот да го искористи да подели пристапници за нови членови.

„Не сме оптоварени со тоа колку народ ќе дојде. Работно ќе го одбележиме празникот, прво во ССМ ќе имаме свечена седница на која ќе ги афирмираме платформите за натамошно дејствување. А, потоа на плоштадот ќе се одржи манифестација каде што сите гранкови синдикати ќе делат промотивни материјали и пристапници, под мотото ’Запознај го својот синдикат и зачлени се‘“, изјави Митревски неодамна за „Утрински весник“.

Инаку, Меѓународниот ден на трудот се одбележува во многу земји во светот со масовни и силни демонстрации против владите, а поради кршењето на работничките и човековите права. Годинава особено се очекуваат пожестоки реакции на работниците, како и судири со полицијата поради големата невработеност во светот како последица од глобалната криза. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар

Од: rabotnik
Датум: 30.04.2010 08:32:23
Da ne e i ovoj nastan del od 50 dnevnata proslava na VMRO-DPMNE????????????????????????????????????????????????????????????????????????
Од: teknuvalo
Датум: 30.04.2010 09:24:52
До работник Е ај погоди од трипати!!!!!!!.
Од: Itar Pejo
Датум: 30.04.2010 10:27:44
Koj da protestira ? Vo makedonija nema rabotnicka klasa, nema rabotnici. Ima samo robovi. Po svest. Po temperament. Samo navednati glavi, demek sabja ne gi secela. Gledajte gi protestite na grcite, a ziveat bar petpati podobro od nas! Raja si e raja. A Tito sakase od nas da pravi samoupravuvaci!
Од: Огласник Ем
Датум: 30.04.2010 14:18:16
Продавам Темни Розово-портоколадни 3-Д очила од фирмата „Поубава Македонија“! Предност имаат членовите на „нашиот“Синдикат! На Останатите, нека им е Среќен празникот Први Мај! Среќата, наскоро, ќе им биде повеќе од потребна!

Најди! во Утрински
Економија
Добра бизнис-соработка меѓу Македонија и Косово
Британските банки со загуби од 10 млрд. фунти
Еврото во грчка драма. Шпанија е следна?
Грчките влогови пораснале за шест милијарди евра
Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра
Власта не признава дека доцни со ДДВ
Банките со преполовени профити, но со добра солвентност
Стечајците повторно на протести